16.8 C
Скопје
15:41 - 27 ноември, 2024

Казни и оставки за министрите и сите владини функцонери кои ќе го прекршат Кодексот за етичко однесување

„Со лесно да ни биде имплементацијата на Кодексот“, рече премиерот Зоран Заев, откако минстрите, го ставија својот потпис врз изјавата која ги содржи принципите на Кодексот за етичко однесување, почитување на Уставот, законите, професионалниот интегритет, ефикасноста, лојалноста, одговорноста, транспарентосноста. Заев нагласи дека со потпишувањето се прифаќаат највисоките етички принципи за заштита на човековите слободи и права, при вршење на функциите и должностите, во рамките на Уставот, законите и меѓународните договори ратификувани согласно Уставот. На потписниците на Кодексот им порача дека со доследното придржување до Кодексот ќе се зајакне интегритетот на Владата и министерствата, но и на другите инситуции и органи на државната управа, а со тоа и довербата на граѓаните во нивната работа.

-Прифањето на Кодексот е гаранција за граѓаните дека секој од нас ќе го даде својот личен придонес за издигнување на важноста на однесувањето на носителите на јавните функции придржувајќи се до принципите на добро упраување на највисоко политичко ниво. Со прифаќањето на неговите одредби ја исполнуваме и препораката на ГРЕКО, за практично спроведување на Кодексот и насоките преку посебен механизам, воведување на мерки за санкции и започнување на системско подигање на свеста за добро управување на лицата кои вршат највисоки извршни функции. Однесувњето на секој член на Владата и на секој именуван и избран функционер и нивното придржување до принципите на добро управување, демонстрирајќи интегритет, транспарентност, отчетност, правичност и непристрасност е наш врвен приоритет во наредниот период. Јакнењето на системот на етичко исправно и добро управување кое влева доверба ќе им служи на сите граѓани без исклучок со кој градиме правично и еднакво општество за сите. Довербата од граѓаните за сите нас не е дадена еднаш за секогаш. Обврска на сите нас е преку нашето однесување постојано и секојдневно да се докажуваме дека го остваруваме јавниот интерес и општото добро и дека тоа го правиме исполнувајќи ги стандардите кои граѓаните ги очекуваат од нас. Довербата на граѓаните ни е врвен приоритет. Со овие мерки преземаме конкретни чекори да ги подобриме институциите и начинот на однесување на носителите на јавните функции. Кодексот за етичкото однесување за членовите на Владата и носителите на јавни функции именувани од Владата, е обврска да го практикуваме она што го говориме и јас очекувам најискрено да го прави овој состав на владата, рече Заев.

За целосно имплементирање на Кодексот од страна минстрите и замениците министри, директори, раководни лица на акционерски друштва во државна сопственост, Заев го задолжи министерот за борба против корупцијата и криминалт, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.

Според Николовски добро е што изјавата ја потпишуваат и замениците министри, но и сите други функцонери именувани и назначени од Владата, директори, раководни лица на акцонерски друштва во државна сопственост, и други институции.

Според Кодексот на секои 6 месеци секој функцонер треба да достави извештај за трошоците направени при извршување на јавните овластувања. Истите ќе се објавуваат на владината алатка за отчетност, која ќе биде надградена за да ги опфати сите функционери, извршни позиции именувани од Владата согласно новиот Кодекс. Функционерите треба да ги објавуваат сите податоци за својата работа, за работа на институцијата на веб страницата, оносно сите планови, ревизорски извештаи, списоци и листи на вработени, завршни сметки и останати документи, се што е од интерес на граѓаните кога станува збор за работењето на институциите финансирани од буџетот. Доколку истото не се оствари се одговара согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, но се носи одговорност и пред Владата. Функционерите ќе бидат обврзани да имаат јавно објавен записник за средби кои ги имале, но ќе треба да го пријават и секој сомнеж дека се во состојба на конфликт на интереси и да побараат препораки. Според Николовски за првпат ќе биде ангажиран и национален координатор за одговорно владеење и за транспарентноста. Кодексот дозволува и изрекување на соодветни опомени и санкции.

-Во случај на непочитување на одредбите од Кодексот а врз основа на мислење, претседателот на Владата може да одлучи да примени некоја од следните мерки: изразување на несогласување, односно официјална критика за однесување на лицето кое не го почитувало Кодексот и укажување да го поправи своето однесување при што истото може да биде јавно објавено, политичка одговорност односно барање за поднесување оставка на носителот на извршната функција, или предлог од премиерот за негово разрешување, или покренување на иницијатива за информирање на надлежните институции и останати постапки. Со овој Кодекс се отвора патот за градење на интегритет и добро управување, се сублимираат сите значајни правила на однесување и се олеснува одговорноста. Нема да се толерира нетранспарентното работење и неодговорноста кон граѓаните,- рече Николовски.

The post Казни и оставки за министрите и сите владини функцонери кои ќе го прекршат Кодексот за етичко однесување appeared first on Слободен печат.


Казни и оставки за министрите и сите владини функцонери кои ќе го прекршат Кодексот за етичко однесување was first posted on септември 29, 2020 at 2:19 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....