22.8 C
Скопје
12:16 - 29 април, 2024

Како во филм: Жена се породила во такси пред велешката болница

Утрово пред 7 часот, жена се породила во такси возило, во дворот на велешката болница. Сведоци на настанот биле вработените кои доаѓале на работа, кои први притрчале да и помогнат да се породи. 

Д-р Весна Неделковска Николова, портпарол на ЈЗУ Општа болница – Велес информира дека роденото машко бебе и мајкатa се во добра здравствена состојба. Мајката и бебето се сместени во Акушерското одделение на болницата. 

– На жената која се пораѓала во такси возилото веднаш на помош и притрчала медицинска сестра од Детско одделение која оддела на работа, а потоа дошле и две сестри од Акушерското одделение кои и помогнале да се породи. Родилката на која ова и е второ породување роди машко бебе долго 50 сантиметри и тешко 3,2 кг. И мајката и бебето се во добра состојба и се сместени во Акушерското одделение при велешката Општа болница, информира д-р Неделковска Николова.

 

The post Како во филм: Жена се породила во такси пред велешката болница appeared first on Слободен печат.


Како во филм: Жена се породила во такси пред велешката болница was first posted on септември 29, 2020 at 4:14 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....