0.8 C
Скопје
23:03 - 18 декември, 2024

Каракачанов откри детали од средбата со Заев: Има време до петок, во спротивно опциите се две!

Иако има само неколку дена до крајот на процесот, до петок, тие имаат можност да корегираат се што во меѓувреме пропуштиле, па да видиме дали тоа ќе е доволно за почеток на преговори, изјави бугарскиот министер за одбрана, Красимир Каракачанов, за време на свеченоста при отворањето на спомен плоча посветена на револуционерот Гоце Делчев во градот Самоков, додавајќи дека го поканил да присуствува и премиерот Зоран Заев.

– Не можеа да дојдат, брзаа да се вратат во Скопје и да почнат да работат по сите предлози кои ги понудивме на заедничките средби кои траеја од десет изутрина до скоро 17 часот, вели Каракачанов. 

Според него македонските политичари сега разбрале дека Бугарија не води политика на инает, туку принципиелна политика, како и дека државата не потпаѓа под туѓи влијанија, но, како што вели, тоа го разбрале доцна.

– Што се однесува до македонската страна… Разговорот беше долг, започна во 10 часот изутрина и буквално заврши во десет минути до 17 часот, односно малку пред да тргнам за Самоков. Долго разговаравме во една навистина добра атмосфера, имавме пријателски разговор, без потреба од преведувачи, па мислам дека не разбраа. Отсега во нивни раце е да ја прилагодат нивната политика, бидејќи никогаш не е доцна, подобро доцна отколку никогаш, дополни бугарскиот министер.

Каракачанов додаде дека преговорите може да завршат на два начина, односно или добро да завршат за Бугарија и Македонија или Македонија да почека за преговори на неодредено време.

– Ние не изнудуваме. Бугарија не е кандидат за член на ЕУ, а секој кој сака да се зачлени треба да го почитува принципот на Унијата дека пред членството треба да се надминат отворените прашања со соседите. Имавме отворен, директен и пријателски разговор, а за жал до сега не сме воделе ваков разговор, но не по наша вина, заклучи Каракачанов.

Преземено од Слободен печат

The post Каракачанов откри детали од средбата со Заев: Има време до петок, во спротивно опциите се две! appeared first on Слободен печат.


Каракачанов откри детали од средбата со Заев: Има време до петок, во спротивно опциите се две! was first posted on ноември 10, 2020 at 7:13 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....