3.8 C
Скопје
02:08 - 21 декември, 2024

Како Кирил и Методиј станаа Бугари, во време кога не постоеле нации!

Од вчера и празникот за сесловенската писменост стана бугарски. Официјална Софија го присвои 24-ти мај, Кирилицата стана бугарска азбука, а Кирил и Методиј Бугари. 24 мај Софија повеќе нема да го слави како ден на словенската туку како ден на Бугарската писменост.
Бугарското Собрание го изгласа предлогот на Обединетите патриоти, предводени од партијата на Каракачанов, но поддршка даде и партијата на Бојко Борисов ГЕРБ.

„Добрососедските односи не ги измислува Бугарија, тие се основен услов и критериум за членство во Европската Унија (ЕУ). Северна Македонија мора да го почитува и да го спроведува Договорот за пријателство и добрососедство што го потпишавме“, рече министерката за надворешни работа на Бугарија, Захариева, правдајќи го несогласувањето со Македонија по однос на историјата и националните особености како услов за наше членство во Унијата.

Професорот  по политички науки Митко Гаџовски за „Слободен печат“ вели дека добрососедските односи како услов и кретирум за тоа кој треба да се стане земја членка на ЕУ не може никаде да се прочита, бидеќи никаде и не пишува. Додава, дека сепак ЕУ јасно става до знаење дека не сакаат отворени прашања меѓу соседите.
-Со отворањето на секое поглавје, (од усогласување на законодавството па се до економијата), ќе се види дека државата треба да се стекне со европските стандарди. Во нив нема да најдете дека за да станете членка треба да ги имате затоворено отворените прашања со вашите соседите. Но, всушност сите поглавја на некој начин се однесуваат на добрососедските односи. Нашите соседи сега гледаат прилика од нас да го добијат она што го сакаат. Сепак, мислам дека по решавањето на спорот со Грција за името, сите отворени прашања, па и овие со Бугарија ќе се затворат на начин на кој ќе бидат задоволени и двете страни. ЕУ знае дека ако една од државите се почувстува поразена нејзините граѓаните ќе станат гневни,“ вели Гаџовски.

Симонида Кацарска од Институтот за европска политика смета дека е несомнено, Бугарија во нашиот случај се обидува да го рашири опфатот на овој критериум и особено во овие неколку месеци се бори да ги вклучи формално своите барања во однос на интерпретацијата на историјата во преговарачката рамка со Македонија.

„Ова барање не наидува досега на поддршка од останатите земји членки, но мислам дека несомнено ќе го одолговлече процесот на усвојување на преговарачката рамка. Воедно, ние мора да бидеме свесни дека ќе мораме на различни нивоа да водиме дијалог со Бугарија бидејќи е земја членка и наш сосед, без разлика на тоа како ги гледаме дел од барањата поставени од нивна страна“, вели Кацарска за „Слободен печат“.

Таа потсетува дека Добрососедските односи иако не се формално дел од договорите на ЕУ, тие беа вклучени како критериум и дел од условеноста и во однос на земјите членки кои пристапуваа во ЕУ во претходното проширување – 2004/2007 со документот Агенда 2000 на Европската Комисија. Целта на овој критериум е пред се’ да не се внесуваат во ЕУ спорови помеѓу земјите членки и вообичаено ова беше прашање поврзано со гранични/територијални тензии.

Во образложението на одлуката на Бугарското Собрание се наведува дека станува збор за сосема природна и логична историска промена, и дека во исто време претставува и начин да се отпочне процес на признавање на кирилицата на ниво на Европската Унија како бугарска азбука.

Според историчарот Ѓорѓи Чакарјаневски кирилицата не може да стане бугарска азбука ниту пак Кирил и Методиј биле Бугари бидејќи во времето кога живееле нациналноста не постоела.
„Ова е уште една уцена. Бугарската страна го начека моемнтот кога Македонија треба да ги почне преговорите со ЕУ за членство и мислат дека можат да не месат како тесто за да ги остварат своите вековни аспирации. Ваквиот бугарски однос кон двајцата апостоли на словенската писменост не е изненадување. Во времето кога живеат и творат Кририл и Методиј а тоа е 10 век, не постоеле националности. Националноста се јавува дури во 19 век. Затоа кога зборуваме за Кирил и Методиј зборуваме како за сесловенки просветители“, вели Чакарјаневски.

„И бугарското барање Македонија да признае дека е комунистичка творба од 1944 година е двосмислено, бидејќи Бугараите тогаш ќе се обидат да докажуваат дека од 1941 година имало граѓанска војна бугари со бугари а со тоа дека и дека нема Македонци. Треба македонскта страна да биде многу повнимателна во одлуките дел од настаните, односно историски датуми да се слават заедно со Бугарија“, вели Чакарјаневски.

 

The post Како Кирил и Методиј станаа Бугари, во време кога не постоеле нации! appeared first on Слободен печат.


Како Кирил и Методиј станаа Бугари, во време кога не постоеле нации! was first posted on октомври 2, 2020 at 1:20 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....