2.8 C
Скопје
08:58 - 24 ноември, 2024

Јовановска од ГАК: Пациентите ни се закануваат ако ги ставиме во изолација (ВИДЕО)

Вчерашниот скандал во гинеколошко акушерската клиника, во кој трудница која се претставила како докторка не пријавила дека во семејството има позитивен на Ковид 19 и дошла да се породи, резултираше со ставање во изолација на дел од медицинскиот персонал.

– Станува збор за млада пациентка на 27-годишна возраст, прворотка која што не ги пријавила своите контакти во пријавата која се потполнува со морална и кривична одговорност. Затоа успеала да помине низ Тријажниот центар и примена е на Одделот за патолошка бременост. Таму ги ставила во опасност и себе и своето бебе, останатите пациентки и лекарскиот персонал. Како последица на тоа, правиме нови списоци, реорганизација. Пациентките не треба да се грижат, ќе им биде пружена нега по сите протоколи, иако дел од персоналот сега е во самоизолација, изјави директорката на ГАК, Викторија Јовановска во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“.

Јовановска нагласи дека пациентките кои биле во иста соба со докторката се ставени во изолација.

– Пациентките се ставени во изолација, токму поради неодговорното однесување на докторката, за која не се знае дали навистина е докторка, бидејќи не е регистрирана во Лекарската комора, иако во пријавниот лист напишала дека е докторка. Се уште е рано да се прават тестови бидејќи можат да дадат лажно негативен резултат, објаснува Јовановска.

Таа тврди дека да се биде во изолација на ГАК не е ништо страшно и нема потреба пациентките да лажат.

– Мислам дека се проширија многу лажни вести околу изолацијата. Пациентките непотребно стравуваат дека ќе се заразат ако бидат ставени во изолација. Ниту едно бебе досега не било заразено од мајка, ниту пак пациентките меѓу себе се заразиле. Ние сме голема клиника, од 520 вработени и постои опасност и од интер-персонална трансмисија, но бидејќи ги следиме протоколите, такво нешто досега не се случило, тврди директорката на ГАК.

Јовановска е револтирана од начинот на однесување на дел од пациентите, кои дури им се закануваат ако ги сместат нивните блиски во изолација.

– Иако лекарите се многу пожртвувани, изморени од дежурства, се соочуваат со агресивно оснесување од страна на роднините на пациентките. Тие буквално им се закануваат дека ако бидат однесени во одделот за изолација, ќе им се случи нешто. Не се свесни дека ако мајката е суспектна, а не не извести, со бебето нема да се постапува како по протокол за Ковид, а тоа може да биде опасно, вели Јовановска.

Што се однесува до останатите интервенции, директорката на ГАК се надева дека од понеделник ќе се нормализира работата на клиниката, како што беше пред коронавирусот, иако и сега, како што вели таа, се извршуваат итните операции.

Погледнете го целиот разговор со директорката на ГАК, Викторија Јовановска во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“:

 

The post Јовановска од ГАК: Пациентите ни се закануваат ако ги ставиме во изолација (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.


Јовановска од ГАК: Пациентите ни се закануваат ако ги ставиме во изолација (ВИДЕО) was first posted on јуни 11, 2020 at 12:47 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....