22.8 C
Скопје
13:10 - 29 март, 2024

Ја запознавме кралицата на медот (ГАЛЕРИЈА)

Снимањето на документарниот филм „Медена земја“ ѝ го смени животот на Атиџе Муратова од овчеполското село Бекирлија, за многумина непознато, иако се наоѓа на 60 километри од Скопје.

Не е лесно да се стигне до селото. По три часа патување, по калливиот пат, конечно стигнавме до нејзиниот дом. Прво го сретнавме нејзиниот брат, а потоа се појави и Атиџе, личноста поради која тргнавме во ова патешествие.

Среќата дека некој дошол да ја посети, лесно можеше да се забележи од нејзините очи. Топло нè прими во домот, а нè послужи со кафе и, секако, со – мед!

 

Откога се иселиле нејзините соседи, Атиџе и нејзиниот брат се единствени жители на Бекирлија. Нејзиниот живот не бил меден. Од мала се соочува со многу тешкотии – не сакала да се омажи за да остане и да ја чува мајка си, а сега се грижи за својот болен брат.

Пред да се сретне со екипата на „Медена земја“, Атиџе имала две желби, да биде покрај болната мајка кога ќе почине и да ѝ доаѓаат луѓе за да ја посетат. Оваа вторава ѝ се исполнила кога стигнала екипата на „Медена земја“, со која таа мина цели три години, време додека се снимал документарецот. За жал, и првата желба ѝ се исполнила – ја држела за рака додека мајка ѝ го издишала последниот здив.

Осамена, без никој да ја посети по снимањето на филмот, вели дека се чувствува празно кога излегува надвор и гледа дека ги нема шаторите на снимателите…

По снимањето на филмот, Атиџе го продолжи животот во селото, но поинаку. Стана позната, доби нова куќа, а за првпат во животот патуваше и надвор од земјата. Таа вели дека го видела рајот кога отишла во Швајцарија. Воодушевена ни објаснуваше како луѓето ја запознале, а децата трчале по неа, викајќи: ханиленд, ханиленд!

За номинацијата за Оскар дознала од радио. Убедена е дека ќе победат, затоа што моќта на пораката што таа ја пренесе: „Пола за мене, пола за нив“, веќе е прифатена низ цел свет.

Ја прашавме што ќе прави доколку го добијат „Оскарот“? Таа скромно ни одговори: „Ќе се радувам! Ќе одам во Скопје и ќе ја пеам омилената песна на снимателот Феим Даут – „Фериде“.

Текст и фото: Арбнора Мемети

The post Ја запознавме кралицата на медот (ГАЛЕРИЈА) appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....