Според албанските медиуми, денешното тестирање на пациентот кој што заедно со својот син пристигна од Фиренца, излезе негативно, додека на него ќе му се направи уште еден дополнителен тест, за да се потврди уште еднаш дека веќе е комплетно излечен.
Веста ја потврди и министерката за здравство, Оргета Манастирлиу.
– Добра вест. Првиот пациент заздравува од Ковид-19. Негативен е резултатот на таткото на „нулта пациентот“ кој беше идентификуван со коронавирус во Албанија. Ќе се направат уште тестирања за да се потврди ситуацијата на пациентот, напиша Манастирлиу на Фејсбук.
The post Излечен е првиот пациент во Албанија од коронавирус appeared first on Слободен печат.