Фотографијата на Јехона Спахиу е победник на вчерашниот ден, на конкурсот на Град Скопје за избор на автентични фотографии, видеа или гифови од домовите на граѓаните кои го поминуваат времето во изолација сами, со нивните семејства или со милениците. Фотографијата на Спахиу е избрана во конкуренција од повеќе од 100 фотографии.
Од Град Скопје ги покануваат граѓаните да продолжат да испраќаат фотографии/видеа/гифови како го поминуваат денот дома.
– Својата фотографија, видео или гиф граѓаните едноставно треба да ја постават на фејсбук страницата СкопјеДома, користејќи ги хаштаговите #СкопјеДома и #ShkupiNëShtëpi. Тоа е доволно за учество во овој креативен конкурс. Победниците ќе се објавуваат секој ден, на истата фејсбук страница, соопштуваат од прес-службата на Град Скопје.
За најкреативните, Град Скопје ќе доделува награди во висина до 100 евра, а изборот ќе се прави секој ден.
Оттаму апелираат граѓаните да останат дома за да се спречи ширењето на корона вирусот.
The post Избрана најдобрата фотографија на тема #СкопјеДома за вчерашниот ден appeared first on Слободен печат.