-3.2 C
Скопје
05:16 - 23 декември, 2024

Изборни правила: На гласање исклучиво со важечка лична карта или пасош

Без важечка лична карта или пасош граѓаните нема да можат да гласаат на претстојните предвремени парламентарни избори на 12 април, а лични карти ќе им се издаваат на граѓаните по брза постапка и на самиот ден на гласањето.

Иако според препораките на ОБСЕ/ОДИХР на граѓаните не треба да им се ускратува правото на глас поради неважечки документи, во најновите измени на Изборниот законик изрично е наведено дека нема гласање ниту запишување во Избирачкиот список без важечка лична карта или патна исправа.

Според Уставот, секој граѓанин со наполнети 18 години живот стекнува избирачко право, кое е еднакво, општо и непосредно, и се остварува на слободни избори со тајно гласање. Избирачко право немаат лицата на кои им е одземена деловната способност. Според Изборниот законик, право да избира има секој државјанин на Македонија со наполнети 18 години, кој има деловна способност и постојано живеалиште во изборната единица каде што се врши изборот.

Во препораките на ОБСЕ/ОДИХР по последните претседателски избори е наведено дека „гласачите со право на глас не треба да се исклучуваат од Избирачкиот список поради истечени документи. Треба да се преземат законодавни и административни мерки за да се овозможи на сите што имаат право на глас ефективно да го остваруваат тоа право“. Слична препорака е издадена и по парламентарните избори во 2016 година: „Сите гласачи со право на глас треба да бидат додадени на Избирачкиот список, независно од важноста на нивната лична карта или пасош, како што е пропишано со Уставот“.

Не се ограничува правото на глас

Собранието непосредно пред да се распушти, ги донесе измените на Изборниот законик, во кои овие препораки се делумно испочитувани. За Избирачкиот список е наведено дека во него се запишуваат сите граѓани со наполнети 18 години кои имаат живеалиште во Македонија и важечка лична карта или исправа, а додаден е нов став дека се запишуваат и оние чиј рок на важност на исправата истекува во периодот од распишувањето на изборите до денот на нивното одржување. Но, во делот од законот што се однесува на самото гласање е наведено: „Личниот идентитет избирачот го докажува со важечка лична карта или важечка патна исправа. Доколку избирачот нема важечка лична карта или важечка патна исправа нема да може да гласа, иако го има во Избирачкиот список.“

Претседателот на Државната изборна комисија Оливер Дерковски вели дека ако се дозволи гласање без важечки биометриски документ, ќе настане хаос.

– Не се ограничува правото на глас, секој што има важечки биометриски документ има право да гласа на избори. Ако дозволиме избирачите да гласаат со возачки дозволи, здравствени книшки, со разни членки книшки или други документи за идентификација, ќе настане хаос. Според Законот, ќе се воведува и гласање со идентификација преку отпечаток од прст, а уредите за идентификација ќе ги читаат биометриските документи на граѓаните, па јасно е дека не е можно да се гласа без важечка лична карта или пасош. Јас неодамна апелирав граѓаните да си ги подигнат личните документи од секторите на МВР низ Македонија, каде што ги чекаат 38.000 изработени лични карти. И на самиот ден на гласањето граѓаните ќе можат по брза постапка да си извадат лични карти за да гласаат – вели Дерковски за „Слободен печат“.

Почна увидот во Избирачкиот список

Од завчера почна увидот во Избирачкиот список и собирањето потписи за кандидати за пратеници. Деркоски објасни дека од Државниот завод за статистика го добиле преработениот Избирачки список и сите граѓани кои се заинтересирани да учествуваат на изборите ќе можат да си ги проверат податоците преку веб-страницата на ДИК и во подрачни канцеларии.

– На Избирачки список ќе се најдат сите граѓани што на денот на гласање, 12 април, ќе имаат 18 наполнети години и ги исполнуваат другите услови и имаат државјанство и постојано живеалиште во нашата држава. Граѓаните што во меѓувреме вадат или променуваат лични документи, исто така, ќе бидат доставени до нас како ДИК за да можеме и ние евентуално да интервенираме за запишување, промена на податоци итн. – рече Деркоски.
Во моментот во списокот се запишани 1.817.028 избирачи.

The post Изборни правила: На гласање исклучиво со важечка лична карта или пасош appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....