24.8 C
Скопје
13:42 - 29 април, 2024

ИЗБОРИ СО НОВО РЕШЕНИЕ НА ТАЛАТ ЏАФЕРИ

Иритира кога партиите во нашава држава се однесуваат како „мачо“ партии, демек секогаш спремни за избори. Кога и да ги прашате дали сте за предвремени избори ќе ви одговорат потврдно. А во суштина очигледно не е така.
Ова особено кога се однесува до опозицијата. Речиси целата мината година јавноста беше сведок како ВМРО ДПМНЕ од петни жили се залагаше за предвремени избори на кои ќе ги „шутнат“ од власт сегашниве „предавници“, дека за таа цел имаат и план и програма. Бараа избори што побргу.
Владеачката СДСМ молчеше и тоа беше протолкувано како страв од пораз. Кога во политичкиот дискурс на меѓупартиско препукување за првпат беше споменат септември 2020 како една од можностите за предвремени избори, тоа од раководството на ВМРО ДПМНЕ беше протолкувано како прв добар знак за дијалог.
Од сегашна дистанца се чини дека тоа беше и најсоодветниот термин за оваа партија да оди на избори, иако декларативно ги бараше многу порано. Ова затоа што кога лидерот на СДСМ Зоран Заев, „ничим изазван“ кон крајот на минатата година се реши да оди на ептен брзи избори, терминит за неговиот опонент Христијан Мицковски беше преуранет или според него незаконски. Можеби да, можеби не.
Сепак компромисно беше договорено 12 април оваа година да се одржат толку посакуваните предвремени избори. Но за „среќа“ на партиите и за несреќа на граѓаните се случи пандемија на корона вирусот и до изборно соочување не дојде. Со „полно разбирање на ситуаијата“ сите сложно се откажаа, прво од митинзи, средби со граѓани и триумфализам, а потоа и од самиот термин за одржување на изборите. И се договорија тоа да биде привремено САМО ДОДЕКА НЕ ЗАВРШИ КРИЗАТА.

Еве таа по сите нишани е при крај. Власта си владее, а ВМРО ДПМНЕ мува не го лази. Не споменува избори. Ни предвремени, ни редовни. Сака избори или не сака? И како до нив?
Сака, ама не сега! Тоа сега не било нивен приоритет! Ќе почекале да се создаделе здравствено и економски услови за одржување на изборите! Па кој да ги создаде тие услови, „оваа криминална Влада на СДСМ“, како што велат тие?!
Нели тие имаа план, програма и мерки за спас на државата, свој тим од експерти, со кои на брза лента ќе ја однесеа во ЕУ!
Јасно е како ден дека не е ниту грижата за граѓаните, ниту за бизнис секторот, туку дека сета работа е околу рејтинзите! Како да се најде средна вредност и временски термин кога тие ќе се избалансираат, затоа што за власта сега е погоден момент, а за опозицијата катастрофален. Но со поместување на терминот подоцна можеби ќе дојде до некакво нивелирање, а тоа може да биде и редовниот термин во декември!!! Значи од предвремени избори може да нема ни трага ни глас!
Но најважно од се тогаш ќе има НАРОД кому ќе му се обраќаат. Па избори без народ бива ли?
А за тоа кој ќе ги распише, лесна работа, тука е спикерот Талат Џафери кој само чека на компромисното решение од лидерската средба за да донесе НОВО решение за одржување на изборите! Тогаш и ДИК ќе почне со подготовки на роковникот. Најверојатно тоа е и договорот меѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ. Затоа и ѕвоната на сите ѕвона и едните и другите дека Собранието нема надлежност да одлучува, дека ни Владата нема право да го прави тоа, дека Ниту ДИК не може да определува термин. За нив единствено важен институт во државата е ЛИДЕРСКА СРЕДБА! Од сите критики кон власта и сите залагања за правна држава, за нив врвен „правен“ критериум е лидерската средба.
Затоа „сите“ се држат како пијан за плот за лидерските средби. Овој пат уште според предлогот на ВМРО ДПМНЕ засилена со здравствените власти, со бизнис секторот, и дури и со претставници на ДИК!?

И не е дека и досега сите правни дубиози во земјава не биле решавани со политички одлуки. Затоа и добар дел од законните се недоречени и правно неиздражани, со дупки како швајцарско сирење. Така е сега, кога напоредно со уставните недоречености, не само дупка, туку воопшто немаме ни закон за вонредна состојба.
Ама вонредна состојба имаме.

The post ИЗБОРИ СО НОВО РЕШЕНИЕ НА ТАЛАТ ЏАФЕРИ appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....