2.8 C
Скопје
19:35 - 20 декември, 2024

Избори ќе има- кога ќе има!

12-ти април како датум за одржување на предврементите парлементарни избори се чини од самиот почеток беше проблематичен, без ралика што беше постигнат со консензус на политичките партии, на состанокот кај претседателот Пендаровски.
Уште тогаш беше како изнасилен. Партиите сакајќи да покажат колку се силни и победнички, лицитираа со секој термин како можен. Иако реална потреба за предвремени избори немаше, а на тоа укажуваше и меѓународната заедница.
Од тогаш наваму постојано како да висеше во воздухот поместувањето на терминот за некој ден во рамките на законските можности. Сите такви изјави беа толкувани од страна на опозицијата како уцена со донесување на законот за ЈО, со ратификацијата а договорот за НАТО од страна на Шпанија и т.н.

Колку до вчера ВМРО ДПМНЕ на сиот глас предупредувше: „Да не помислиле од СДСМ да ги одложат изборите“, „СДСМ нема да куртули од избори“, „Избори ќе има и народот ќе го казни Заев“, „Избори ќе има, а Заев и СДСМ ќе бидат испратени на темната страна на историјата“.

За несреќа во меѓувреме се случи пандемија со корона вирусот.
Веднаш ја инфицираше политичката сцена со напади за неспособност на министерот и здравствените власти за де справат со настанатата ситуација.

Но како одминуваше времето стануваше јасно дека ќе бидат потребни посебни мерки на заштита на сите граѓани во државата, што подразбира и избегнување на масовни собири од секаков вид.
Лидерот на ВМРО ДПМНЕ ќе побрза да изјави:

-Најсреќни би биле исплашените од СДСМ да го користат коронавирусот како изговор за да ВМРО-ДПМНЕ не го мобилизира народот во оваа држава и тие молеа бога да се случи сето ова за да може еве да не излегува ВМРО-ДПМНЕ со народот и да не протестира.
Забраната за јавни собири логично се однесуваше и на партиските митинзи во пресрет на изборите. Конечно се постигна договор дека има и други современи начини за комуникација со граѓаните освен старомодните масовни собири на плоштадите по градовите. Но за одлагање на изборите сеуште немаше ни збор.
-Не гледам причина изборите да се одложат. Можеби корона вирсот ќе не стави во поинаков вид на кампања. Видео стримови, електронски медиуми, имаме на располагање различни начини да допреме до граѓаните, рече Заев, а истото го потврди и Мицковски.

По средбата на премиерот Оливер Спасовски со лидерите на политичките партии извесно е дека корона вирусот, ако состојбата не ескалира, нема да ги одложи изборите на 12 април.

Како сите да се плашеа да го изговорат тој збор за да не бидат обвинети дека бегаат од соочување со народот.
Првата идеја дојде срамежливо од страна на претседателот на државата, а веднаш потоа се придружија и од ДИК.
Претседателот на ДИК Оливер Дерковски кадар на ВМРО ДПМНЕ и Јанаќе Витановски како и Борис Кондарко од СДСМ излегоа со мудра препорака и бараат државниот врв да ја преиспита одлуката за избори во април.
-Се надевам дека со ладна глава ќе се донесат разумни одлуки. Надлежните институции ја следат состојбата на дневна база, како што гледаме и здравјето на граѓаните е пред се. За другото за се има време“ – вели Оливер Деркоски, претседател на ДИК.
-Изборните дејствија се многу комплексни и опфаќаат повеќе илјади луѓе, само избирачките одбори. Три ипол илјади изборачки места по 10 се составени од 35 илјади луѓе, плус 80 општински изборни комисии – рече Борис Кондарко, член на ДИК.
На социјалните мрежи веднаш следеше реакција упатена кон Јанаќе Витановски: -да бе, да нема избори, сакаш да ти се продолжи мандатот“.
Имајќи ги предвид сите претходни изјави на ВМРО ДПМНЕ во однос на помислата за одлагање на изборите не беше чудна реакцијата на граѓаните на социјалните мрежи.

Но до крајот на денот изненади ваква реакција од ВМРО ДПМНЕ:

-„За нас изборите не се ни прв, ни втор, ни трет ни четврти приоритет. За нас во моментот единствен приоритет е здравјето на граѓаните и второ надминување на потенцијалната голема економска криза – вели Александар Николовски потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Оди па разбери ги! Кој е за, а кој против изборите!

И владејачката СДСМ на ист став. Од партијата велат:
-Состојбата се следи интензивно. Одложени се сите теренски активности. Ќе ги следиме препораките на надлежните институции, а сите одлуки ќе ги носиме заеднички водејки се од она што е најважно, а тоа е здравјето на граѓаните“.

Инаку предлогот на претседателот Стево Пендаровски за поместување од еден месец не значи ништо. Корона вирусот за еден месец може само да ескалира, а не да се намали неговото дејство. Така што ако има одложување тоа може да биде најмалку наесен.
Инаку, доколу сепак има одложување на изборите, мандатот на пратениците од сега веќе распуштениот собраниски состав ќе трае до изборот на новиот парламентарен состав, а досега веќе сме имале пракса на вонредно свикување на Парламентот.

The post Избори ќе има- кога ќе има! appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....