06:48 - 5 февруари, 2025

Италијански експерти: Мобилните телефони го пренесуваат коронавирусот

Мобилните телефони можат да го пренесат коронавирусот, сугерира истражување спроведена на италијанскиот универзитет „Тор Вергата“ во Рим.

Истражувачите, предводени од професорот Џанлорето Д’Ало, откриле дека 93 проценти од студентите кои се на пракса во болнички одделенија користат мобилни телефони за време на нивната работа, а само 16 проценти потврдиле дека при тоа носат заштитни ракавици.

Истражувањето е спроведено во текот на две учебни години, 2018-2019 и 2019-2020 година, и двата пати беше потврдено дека огромното мнозинство од испитаниците за време на нивниот престој во одделенијата со пациенти користат мобилни телефони, без да користат заштитни ракавици или да менуваат ракавици по користење на мобилни телефони.

Само три проценти од испитаниците потврдиле дека ги дезинфицираат своите мобилни телефони секој ден.

– Овие навики, користење на мобилен телефон во одделите каде што се пациентите, можат да ги поништат ефектите од процедурите за дезинфекција на кои се подложува медицинскиот персонал кој е во контакт со пациентите, бидејќи рацете, иако претходно биле дезинфицирани, можат да станат извор, односно пренесувач на вирусот поради микроорганизми кои се собираат на телефоните – рече професорот Џанлорето Д’Ало.

Авторите на истражувањето сугерираат мобилните телефони редовно да се чистат, а доволно е да се користат салфетки натопени во раствор со најмалку 70 проценти алкохол.

Резултатите од студијата се објавени во медицинското списание „Патничка медицина и заразни болести” (Travel Medicine and Infectious Disease).

The post Италијански експерти: Мобилните телефони го пренесуваат коронавирусот appeared first on Слободен печат.


Италијански експерти: Мобилните телефони го пренесуваат коронавирусот was first posted on септември 17, 2020 at 11:41 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....