Веќе од денес граѓаните нема да можат да пазарат со домашна платежна картичка, а неискористените средства ќе бидат вратени во државната каса.
Банките испратиле последна информација до Министерството за финансии заклучно со претходната недела, на која може да се види дека сите отпечатени картички не стигнале до граѓаните кои ги добија. Па, така од вкупно отпечатени 333.674 картички, заклучно со 7-ми овој месец, 23.576 граѓани не ја подигнале платежната картичка.
За домашна платежна картичка беа вклучени четири категории, социјално загрозени, вработени со ниски примања, млади лица и здравствени работници ангажирани за справување со пандемијата.
The post Истече рокот за пазарење со домашна платежна картичка appeared first on Слободен печат.
Истече рокот за пазарење со домашна платежна картичка was first posted on август 16, 2020 at 10:44 am.