-2.2 C
Скопје
19:29 - 22 декември, 2024

Исламовиќ: Во кобната вечер Буштур пиеше кафе и минерална вода

Исламовиќ и Буштур еден час поминале заедно пред да се раздела, по што Исламовиќ заминал кон хотелот, додека Буштур тргнал кон својот дом кога за загуби животот.

– Со Буштур се познавав околу една година, а првпат се сретнавме на средба кај градоначалникот на Скопје. Веднаш најдовме заеднички јазик, а јас секогаш му се јавував кога ќе дојдев во Македонија. Така беше и во средата. Тој веднаш рече ‘Ален, ајде да одиме на вечера“, но го одбив тоа затоа што веќе ручав со некои бизнисмени, па се договорив со Буштур да одиме на пијачка. Бевме заедно од 21.30 до 22.30 часот.

Сега ми е жал што не останавме и подолго, но сакав да отспијам барем малку пред да се вратам во Загреб за каде што имав лет рано изутрина. Се договоривме дека мора да се сретнеме кога ќе дојдам во Скопје следниот пат, но таква средба никогаш повеќе нема да има. Не можам да верувам дека последен пат се сретнавме вчера. Тој беше легенда, великан на кошаркарскиот свет и, пред се голем човек – вели Исламовиќ за хрватскиот весник .

Тој веста за смртта на неговиот пријател ја дознал на патот кон скопскиот аеродром .

– Заеднички познаник нè возеше на аеродромот кога ме праша дали слушнав за трагедијата. Мислев дека се шегува, но кога сфатив дека е вистина, останав во шок. Буштур не консумираше алкохол вечерта. Ние пиевме шприцер, а тој пиеше кафе и минерална вода, така што сите приказни за некаков алкохолизам како причина за несреќата паѓаат во вода.

Мене, онака човечки, ми падна на памет дека можеби му откажало срцето. Па си мислам, тој сигурно не ни возел брзо, нешто мора да му се случило за да ја изгуби контролата врз возењето. Како и да е, ова е една ужасна трагедија. Нека му е вечна славата и големо и искрено сочувство до неговото семејство. Тој ќе остане во моето срце засекогаш – зборува Исламовиќ.

The post Исламовиќ: Во кобната вечер Буштур пиеше кафе и минерална вода appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....