-2.2 C
Скопје
20:38 - 22 декември, 2024

Искуства со коронавирусот од Италија: „Читам дека сум излечена, а всушност никогаш не бев болна“

„Можеби сме глупави, но некој ги „поттикнува“ нашите глупости“, вели госпоѓа која се излечила од коронавирусот во Италија. По смртта на првиот Италијанец кој почина откако му беше дијагностициран коронавирусот, жената поради контакт со него веднаш е тестирана, пренесува хрватски „Нови лист“.

– Го направив тоа поради себе, но и поради жителите во местото Во Еуганео од кои сум опкружена. Ме гледаа како да сум им плукнала во кафето. Бидете мирни, им реков на своите пријатели, немам симптоми, на тестирањето ќе бидам негативна – раскажала таа за весникот „Corriere della Sera“

Но, напротив, на тестот таа била позитивна.

– Лекарите веднаш ми рекоа: поради претпазливост ќе ве хоспитализираме и го исполнија ветувањето – посочила таа.

Потоа таа се вратила дома, каде била во домашна изолација. „Во кревет“ поминала краток период, само еден ден и половина. Доволно за жена која има 47 години да го привлече вниманието на новинарите, бидејќи е првата личност која е отпуштена од болница откако ѝ е дијагностицирана инфекција од коронавирусот, пренесува српски „Б92“.

– Јас сум единствената личност која е пуштена дома, а болницата ќе ја напуштат многу други. Да се разбудиме, бидејќи сами си предизвикуваме патење – порачала таа, жалејќи се на непотребната паника.

„Лекарите ми рекоа дека постарите лица мораат да бидат повнимателни, а останатите би требало да ги избегнуваат метежите“, посочила жената која го прележала коронавирусот.

На прашањето дали била исплашена, одговара: „Од што да се плашам?! Па тоа е некоја врста на грип, од тоа не се умира ако веќе не сме болни од некоја друга болест. Ми изгледа дека сите полудевме од паниката“.

Запрашана за тоа како се лечела, жената одговара:

„Ништо не земав. На тестот бев позитивна, но немав повишена температура, во ниту еден момент. Кога стигнав во болницата ми дадоа инфузија, како мерка за претпазливост, како што рекоа. Единствен лек кој го земав беше таблета против главоболка која ми се повторуваше поради стрес. Ги прашав лекарите дали е дозволено да ја испијам. Тоа е се што земав од лекови – раскажува жената на италијанскиот весник.

По карантинот, таа ќе се врати на работа, а одговори и како се чувстува во моментов.

– Одлично, замислете, последните неколку години често ме мачеше кашлица, а оваа година не се закашлав. Во моментот кога ќе завршам со карантинот, веднаш се враќам на работа – рекла таа.

The post Искуства со коронавирусот од Италија: „Читам дека сум излечена, а всушност никогаш не бев болна“ appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....