-1.2 C
Скопје
19:23 - 22 декември, 2024

Исчезна Драгана Бошковска од Скопје, семејството ги моли граѓаните за помош да ја пронајдат

Без пари, без лични документи и со мобилен телефон кој е исклучен, дваесет и седумгодишната Драгана Бошковска во петокот вечерта заминала од семејната сендвичарница во Влае каде работела и никој оттогаш не ја видел.

Девојката се води како исчезната и семејството е исклучително вознемирено зашто како што тврдат, не е класично ниту вообичаено за оваа млада жена да замине на подолг временски период без да се јави или без да ги исконтактира блиските. Бидејќи имала анксиозно депресивно растројство за кое примала терапија, по наглото прекинување на терапијата на своја рака, состојбата со нејзиното ментално здравје нагло се влошила, тврди сестрата.
Драгана работела во семејната сендвичарница во скопската населба Влае. На ист начин како што тоа го правела секој ден, по завршувањето на својата работна смена во 20 часот, излегла од сендвичарата. Но, наместо дома, се упатила во непознат правец и оттогаш и полицијата и семејството трагаат по неа.
– Немаше ни пари, ни документи. Не се сомневам на никого, но сестра ми имаше психички проблеми кои стануваа се поалармантни. Мобилен има, но откако излезе од сендвичарницата и е исклучен, вели за ,,Слободен печат” сестрата на девојката.
Таа додаде дека фамилијата е многу вознемирена.

– Пред да замине сестра ми, имале мал конфликт со татко ми. Се спречкале зашто татко ми и префрлил дека постојано им дава пари на луѓе што доаѓаат во сендвичарницата да бараат пари. Но овој конфликт бил мал и незначителен. Многу сме вознемирени. Никогаш не се случило нешто вакво со сестра ми. Еднаш замина на многу кратко, па се јави дека е на одредена локација и дојдовме и ја земавме. И тоа беше прилично брзо, но сега ја нема повеќе од ден и половина. Ова е екстремно. Ги молиме сите луѓе ако некој ја забележи, да ја задржи, да се јави кај нас и веднаш ќе дојдеме да ја земеме. Ги молиме сите граѓани за помош и солидарност – додава сестрата.
Драгана има 27 години, кафена коса, зелени очи. Облечена е во пругаста блузичка, црни тренерки и сиви патики. Доколку некој ја види, семејството моли да го контактираат на телефоните 075 450 104 и 070 322 930.

The post Исчезна Драгана Бошковска од Скопје, семејството ги моли граѓаните за помош да ја пронајдат appeared first on Слободен печат.


Исчезна Драгана Бошковска од Скопје, семејството ги моли граѓаните за помош да ја пронајдат was first posted on јули 26, 2020 at 10:46 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....