3.8 C
Скопје
22:36 - 20 декември, 2024

Институциите слабо трошат пари за капитални инвестиции: Меѓу штедливите и претседателот Пендаровски

Неколку државни институции во првата половина од оваа година, не потрошиле ниту денар за капитални инвестиции и се со нула реализација, покажуваат податоците на Министерството за финансии. Не се работи за големи суми, бидејќи нивните буџети се движат од 500 до неколку десетици илјади евра. Заклучно со 30 јуни годинава, реализацијата на капиталните инвестиции изнесува 22,51 проценти, или од предвидените речиси 320 милиони евра, домашните институции потрошиле нешто над 72 милиони евра. Реализацијата на капиталните инвестиции не е најјаката страна на домашните институции, кои или не знаат како или пак немаат на што да ги потрошат доделените средства. По обичај, почетокот на годината е слаб, а трошењето се раздвижува во втората половина од годината. Но, оваа 2020, корона-кризата си го зема данокот, а за време на изборите се замре.

Според податоците на ресорното министерство, своите пари, прва и речиси во целост (98,42 проценти), ги искористила Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос. Сепак, сумата изнесува само 560 евра од предвидените 569 евра. На второ место по искористеност е Државниот инспекторат за техничка инспекција со 94,25 проценти и тие од нивните 24.000 евра, потрошиле 22.000 евра. Добар реализатор е и Управата за матична евиденција со искористеност од 91 проценти, но и Агенцијата за примена на јазикот што го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните на РСМ, која од доделениот буџет од 167.000 евра потрошила 134.000 или нешто над 80 проценти. Бирото за судски вештачења, Секретаријатот за законодавство, како и Комисиите за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер и за односи со верските заедници и религиозни групи до крајот на јуни имале 0 реализација на капитални инвестиции. Интересно е дека меѓу оние со нула реализација во првата половина од оваа година е и Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, иако на располагање имала буџет од над 17.000 евра. Иако со забележителен буџет од над 122 илјади евра, во друштвото на „штедливите“ е и Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството- Битола, со нула трошење на државните пари. Кабинетот на Претседателот на РСМ, потрошил скромни 1.780 евра од буџетски предвидените 58.536 евра, односно само 3,04 проценти.

– Капиталните расходи или капитални инвестиции, се расходите на буџетските корисници наменети за трајни добра како патишта, училишта, болници, водоводи, студентски домови, спортски објекти, апарати за здравството, опрема хардвер, софтвер итн. Нивната реализација е важна бидејќи креираат подобри услуги за граѓаните и придонесуваат за развој на економијата – објаснуваат од Министерството за финансии.

Новата алатка за транспарентност, која покажува колку од капиталните расходи предвидени со Буџетот секоја институција има реализирано досега – како процент од планираното и апсолутен износ, како и колку треба да се реализира до крајот на годината, беше објавена на крајот на октомври 2019 година.

The post Институциите слабо трошат пари за капитални инвестиции: Меѓу штедливите и претседателот Пендаровски appeared first on Слободен печат.


Институциите слабо трошат пари за капитални инвестиции: Меѓу штедливите и претседателот Пендаровски was first posted on јули 23, 2020 at 2:10 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....