21:33 - 22 декември, 2024

Имунитет на стадо – контроверзна стратегија која не успева во сите земји, но во оваа може да има успех

Стратегијата „имунитет на стадо“ која предизвикува контроверзи поради високиот ризик од смрт, можеби би можело да биде решение за сиромашните земји како Индија.

Во случај на стекнување на колективен имунитет, што значи дека повеќето жители би станале отпорни откако се заразиле од коронавирус и потоа излечиле, економската штета би била помала, а луѓето помалку би пателе во случај на строги забрани за излегување за да се спречи неговото ширење, тврди група експерти.

Тим научници од Универзитетот во Пристон и Центарот за здравствена динамика, економоја и политика (CDDEP), интересни организации за јавно здравје со седишта во Њу Делхи и Вашингтон, ја идентификуваа Индија како земја во која таквата стратегија би можела да биде успешна поради тоа што несразмерно младата популација би била изложена на помала опасност од хоспитализација и смрт.

epa08350680 Needy people queue to collect food distributed by Assam Traffic Police during the nationwide lockdown, in Guwahati, India 08 April 2020. India is under a nationwide 21-day lockdown starting 24 March 2020 to stem the widespread of the SARS-CoV-2 coronavirus, which causes the COVID-19 disease. EPA-EFE/STR

Доколку би се дозволило контролирано ширење на вирусот во наредните седум месеци, 60 отсто Индијци би стекнале имунитет до ноември, па на таков начин би се запрело ширењето на натамошната зараза, пишува „Блумберг“, повикувајќи се на експерти. Стапката на смртност би била ограничена во текот на ширењето на вирусот, со оглед на тоа дека 93,5 отсто од индиското население е помладо од 65 години, сметаат тие.

Авторите на радикалниот предлог укажуваат на тешкотиите со кои се соочуваат сиромашните земји во развој – вклучувајќи ја и Индонезија и некои земји од Потсахарска Африка – кога против епидемијата се борат со примена на строги мерки какви што усвоија развиените економии.

Неможноста од социјално дистанцирање во услови кои подразбираат многу луѓе да живеат на помал простор, како што е случај во многуте градови и села во Индија, недоволната опрема за тестирање и маките со кои се соочуваат луѓето заклучени дома наведуваат на заклучок дека на таквите места можеби е неопходен поинаков пристап.

Поради тоа од Принстон и CDDEP предлагаат во Индија да се укинат строгите мерки на забрана на излегување кои се продолжени до трети мај, па на повеќето луѓе помлади од 60 години да им се дозволи враќање во нормалниот живот, и притоа и натаму да се препорачаат мерките за социјално дистанцирање, носење маски и забрана на големи собири. Покрај сето тоа, вложени се напори да се тестираат што е можно повеќе луѓе, и да се изолираат потврдени и соминтелни случаи.

Лицата постари од 60 години главно да останат дома се додека не се постигне ефект на колективна изолација и тие прво и би биле тестирани и лекувани доколку добијат симптоми.

Владата на премиерот Нарендре Модија засега не навести дека планира да усвои таква стратегија.

The post Имунитет на стадо – контроверзна стратегија која не успева во сите земји, но во оваа може да има успех appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....