![родители](https://www.slobodenpecat.mk/wp-content/uploads/2019/09/affection-1866868_960_720-300x200.jpg)
Родителите на деца до шестгодишна возраст да се вратат на своите работни места и на редовно извршување на работните задачи од 23 септември, имајќи во предвид дека детските градинки отпочнаа со активности за згрижување и воспитание на деца о што престанува користењето на мерката на Владата по тој основ.
Ова е заклучок од денешната владина седница на која е задолжено Министерството за труд и социјална политика (МТСП) да испрати писмено укажување до сите детски градинки да продолжат со упис и згрижување на деца, особено на оние чии двајца родители се наоѓаат во работен однос, без разлика дали работат од дома или одат на работа.
– Воедно е препорачано до Министерството за труд и социјална политика да укаже на детските градинки да стапат во контакт со родителите чии деца се запишани, а не се донесени за престој во детските градинки во овој период, за да може да се обезбеди престој и за други деца, доколку има место и за оние кои имаат потреба да ги згрижат децата иако работат од дома, се наведува во соопштението од владината прес-служба.
Министерството за труд и социјална политика, во соработка со единиците на локалната самоуправа и на државните институции, треба да ги разгледа можностите и доколку постои слободен неискористен простор истиот да се намени за згрижување на деца од оние детски градинки на подрачјето на општината каде што ќе биде потребно.
Владата на денешната седница го прифатила и Предлогот за изменување на Протоколот за активности во установите за згрижување и воспитание на деца и тоа: воспитните групи за деца до двегодишна возраст да имаат максимум по 12 деца и двајца вработени во смена.
The post И родителите на деца до шест години од 23 септември на работа appeared first on Слободен печат.
И родителите на деца до шест години од 23 септември на работа was first posted on септември 14, 2020 at 5:45 pm.