-5.2 C
Скопје
01:36 - 23 декември, 2024

И холивудските ѕвезди ги вработија по општини

По третата номинација за „Оскар“, Жоакин Феникс ќе добие место во локалната самоуправа на месноста Малибу, на само два часа возење од неговиот дом на Беверли Хилс, во Лос Анџелес.

Феникс конечно доби сатисфакција за своето актерство, откако претставниците на локалната власт му најдоа работа. Актерот е пресреќен и вели дека улогата во „Џокер“ му го променила животот и дека конечно ќе може да се опушти со сигурните месечни примања што ќе му бидат обезбедени од неговиот нов професионален ангажман, а во иднина ќе работи на филмови само за време на викенди и државни празници.

И Ал Пачино од наредниот месец ќе се вработи. Тој е новиот градежен инспектор на Квинс, Њујорк, а функцијата му е уште позначајна, бидејќи тој ќе се потпишува и на дозволите за градба во споменатата област, па веќе може да се забележи дека директорите на градежните фирми го канат на ручеци, вечери и го викаат на гости во нивните луксузни викендички. Роберт Де Ниро, пак, за разлика од Ал Пачино ја немаше таа среќа да биде номиниран за „Оскар“ годинава, па тој уште кубури без работа и нервозно талка по сокаците на Харлем. Се слуша муабет дека Мајкл Блумберг, поранешниот градоначалник на Њујорк, се подготвува да го вработи во својата телевизија, каде Боби ќе држел смена на фотокопир, а ќе се менува со Квентин Тарантино, кој иако е номиниран за „Оскар“, сепак, ниту еден градоначалник се нема сетено да му се најде и да го награди неговото дело со барем една работичка.

Вака некако би изгледале вестите од светот на филмот, доколку Америка функционираше како Македонија. Да претставува систем во кој најголемата награда е „да работиш државно“. Платата е добра, а одговорноста минимална. Може да е министерство, јавно претпријатие или општина. Не е битно, да се работи нешто. Тоа е сонот на речиси секој Македонец, кој во меѓувреме не емигрирал во странство.

Затоа и бројката на изненадени луѓе не беше преголема кога градоначалникот на Лозово вети дека на Атиџе Муратова, ѕвездата на двојно номинираниот филм „Медена земја“ ќе ѝ додели работа во општината. Да потсетам, Атиџе е последниот собирач на мед од диви пчели во Европа. Нејзината вештина е во изумирање и токму заради тоа таа му стана интересна на Холивуд. Тешко дека „Медена земја“ ќе добиеше две номинации за „Оскар“, доколку Атиџе беше референт за набавка во Општина Лозово или секретарка од доверба на градоначалникот, која умее да ги разликува сигналите на неговото расположение, па со сигурност знае кога треба да му ги однесе документите на потпис, а кога не треба да го чепка.

„Медена земја“ е светски хит токму поради тоа што раскажува една поинаква приказна од животот поминат во канцеларија, во бирократија и отстапува од конвенционалните норми на градење кариера. Од градоначалникот ќе биде доволно доколку направи пат до нејзиното село, а на Атиџе ѝ се доволни пчелите за да егзистира.

The post И холивудските ѕвезди ги вработија по општини appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....