11.8 C
Скопје
04:22 - 14 мај, 2024

Патниците се смрзнуваaт во возовите

Патниците со железничкиот сообраќај премрзнати стигнуваат на саканата дестинација. Тие се жалат дека овој проблем го има секоја зима и дека со страв од студот влегуваат во возовите, а многу често и се премислуваат и бараат друг начин, иако повеќе би им одговарало да патуваат со воз.

Студентката Алмира секој ден доаѓа во Скопје со воз од Тетово. Таа вели дека цената за патување со воз е многу прифатлива, а и дека како студент има можност повеќе денови во месецот да патува бесплатно, но дека студот и е влезен во коски.

– Принудена сум да патувам со воз поради цената. Кога би патувала со автобус, повратна карта од Тетово до Скопје чини 450 денари, додека со воз е 150 денари, а згора јас како студент најчесто патувам бесплатно. Но, патувањето ми е вистинско мачење. Се смрзнувам. Кондуктерот ме гледа како се тресам па ми вели да одам понапред, во близина на вратат на машиновозачот, тој ја отвора за да малку оди топлината кон патниците. Отидов, ама таму сите се стуткале… – вели Алмира.

Го дочекавме и возот што дојде од Кочани. И оттаму дојдоа премрзнати патници кои зборуваа со нервоза и револт за ваквата состојба со возовите. За студените вагони се жалат и кондуктерите кои велат дека многу често се наоѓаат во многу непријатна ситуција, затоа што премрзнатите патници на нив го истураат бесот.

Во Железници-транспорт велат дека проблемот со студените возови се провлекува повеќе години наназад и дека тие прават максимални напори да ги отстранат техничките проблеми поради кои во дел од возовите нема греење.

– Греењето во една патничка гарнитура е веќе санирано и таа е во сообраќај. На втората патничка гарнитура во моментов се работи и таа во најкус временски период ќе биде пуштена во сообраќај, а за третата патничка гaрнитура се води тендерска постапка – ни изјавија од Железници – транспорт од каде што и им се извинија на патниците поради непријатностите.

За да се стимулира возењето со возови и финансиски да им се помогне на младите, секој четврток е бесплатно за студенти, а за сите млади до 27 години пак, бесплатно е секој прв и трет викенд во месецот. За ученици од средни училишта пак, бесплатно е во среда. Викендите се бесплатни и за возрасните (повеќе од 62 години за жени и 64 години за мажи). Викенд се смета од петок по 12 часот до понеделник до 12 часот.

Во возовите како во фрижидер!

The post Патниците се смрзнуваaт во возовите appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....