Али Февзи е еден од ретките луѓе кои од сопствениот домашен буџет издвојува средства за да им помага на сиромашните. Неговата хумана мисија започнала пред четири месеци, кога им помогнал на три фамилии со седум деца.
– На почетокот храната ја купував од свој џеб. И сега купувам со мои пари, ама добивам и помош. Пред неколку дена добив донација од 200 пакети, а 450 пакети добив од Зоран Заев. Би сакал и другите политичари да донираат, зашто со тоа не ми донираат мене, туку на сиромашните, вели Али.
Али додава дека се случувале и обиди за манипулација, донација барале и луѓе на кои не им треба помош.
– Има обид да ме излажат. Ама јас имам тактика. Им барам фејсбук, и преку сликите дознавам како живеат и дали навистина им треба донација, објаснува Али.
Али Февзи вели дека во моментов се соочува со проблеми околу доставата, бидејќи му се расипал автомобилот, а соседите во Аеродром каде што е неговиот берберски салон се жалеле на зголемениот број луѓе кои доаѓале да си ги земат пакетите.
– Имам обид да воспоставам комуникација со некои луѓе да ми помогнат за транспорт и обезбедување намирници. Вчера сакав да разговарам со менаџерот на еден маркет, не сакаше да ме прими. Откако прочитал за мене и видел слики, ме побара, денес ќе се видам со него. Ако успеам да се договорам, ќе можам да направам 1.000 пакети месечно и ќе кажам дека сум успеал. Најсреќен сум кога помагам. Вчера бев кај самохрана мајка со две деца. Фрижидерот и беше празен, само јогурт имаше. Децата беа пресреќни кога ја видоа храната, тоа ми ја полни душата, вели Али и додава дека 70 проценти од донациите се за самохрани мајки.
Погледнете го целиот разговор со Али Февзи:
The post Хуманата мисија на Али Февзи: За 4 месеци има помогнато на 500 семејства, најмногу со свои пари (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.
Хуманата мисија на Али Февзи: За 4 месеци има помогнато на 500 семејства, најмногу со свои пари (ВИДЕО) was first posted on јуни 10, 2020 at 10:15 am.