14:11 - 16 јануари, 2026

Хрватска: Тројца пратеници вмешани во мега аферата Јанаф, уапсени 10 лица

Во хрватскиот Парламент денеска ќе се гласа за одлуката на Комисијата за мандати и имунитет за укинување на имунитетот на пратениците Дражен Баричиќ (ХДЗ), Винко Гргиќ (СДП) и Дарко Пуљашиќ (ХДЗ) со цел да се спроведе кривична постапка под сомнение за извршено кривично дело.

Баришиќ и Гргиќ се поврзани со проневера во аферата Јанаф, јави Хина.

Барањето за согласност за поведување кривична постапка против Баришиќ го побара УСКОК под сомнение за сторено кривично дело трговија со влијание и злоупотреба на службената положба, а за Гргиќ, под сомнение за примање мито.

Барањето за укинување на имунитетот на Пуљашиќ ќ беше испратено од окружниот суд во Славонски Брод поради продолжување на кривичната постапка од 2018 година.

Поради сомневање за економски криминал, вчера во Хрватска беа приведени десетина лица, меѓу кои и шефот на управата на компанијата, Јанаф, како и двајца членови на Парламентот и градоначалник, чии имунитети можат да бидат укинати.

Претседателот на Управниот одбор на Јанаф, Драган Ковачевиќ беше уапсен утрово во рамки на истрагата за економски криминал, а во истрагата беа вклучени уште десетина други лица, вклучително и пратеникот од ХДЗ, градоначалникот на Велика Горица, Дражен Баришиќ и Винко Гргиќ, градоначалник на Нова Градишка.

Драган Ковачевиќ е на чело на Јанаф, државна компанија што доставува сурова нафта преку цевководи, од 2012 година.

Приведените лица се товарат за фаворизирање во врска со распределбата на милионски бизниси, додека Ковачевиќ е осомничен и за примање мито.

The post Хрватска: Тројца пратеници вмешани во мега аферата Јанаф, уапсени 10 лица appeared first on Слободен печат.


Хрватска: Тројца пратеници вмешани во мега аферата Јанаф, уапсени 10 лица was first posted on септември 18, 2020 at 8:51 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....