Илјадници демонстранти на еден од најголемите протести во последните два месеци на улиците во главниот град на Бугарија, Софија кои бараат оставка од премиерот Бојко Борисов, пренесуваат тамошните медиуми.
На протестите дојде до судири помеѓу демонстрантите и полициски службеници , а полицајците отстранија стотици демонстранти со камиони. Уапсени се и 35 демонстранти кои фрлале јајца, јаболка и ѓубре кон безбедносните сили околу зградата на парламентот.
Демонстрантите, исто така, ги тресеа полициските автомобили и ги напаѓаа полицајците со бибер спреј за самоодбрана, соопшти Георги Хаџиев, началник на полицијата во Софија.
Околу 45 лица, вклучително и полицајци, завршиле во болница.
Погледнете како изгледа атмосферата на улиците во Софија:
Протестот се одржа на првиот ден од собраниската седница по летната пауза. Демонстрантите ги обвинуваат премиерот Борисов и главниот обвинител Иван Гешев за неуспех во борбата против корупцијата.
Тие сметаат дека е нарушено владеењето на правото, што влијае на моќните тајкуни во оваа најсиромашна земја на ЕУ.
На видеата од атмосферата може да се забележи огромното полициско присуство и апсење на демонстранти:
Протестот се одржа на првиот ден од собраниската седница по летната пауза. Демонстрантите ги обвинуваат премиерот Борисов и главниот обвинител Иван Гешев за неуспех во борбата против корупцијата. Тие сметаат дека е нарушено владеењето на правото, што влијае на моќните тајкуни во оваа најсиромашна земја на ЕУ.
Во парламентот, претседателот Румен Радов повика на оставка на владата на десниот центар предводена од Борисов.
The post ХАОС НА УЛИЦИТЕ ВО БУГАРИЈА: Околу 45 лица завршија во болница (ГАЛЕРИЈА+ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.
ХАОС НА УЛИЦИТЕ ВО БУГАРИЈА: Околу 45 лица завршија во болница (ГАЛЕРИЈА+ВИДЕО) was first posted on септември 2, 2020 at 6:35 pm.