2.8 C
Скопје
14:53 - 20 декември, 2024

Хаос на улиците на Минск: Стотина повредени, над 3.000 уапсени и една жртва (ФОТО+ВИДЕО)

Во големите градови ширум Белорусија избија протести откако долгогодишниот претседател Александар Лукашенко освои шести последователен претседателски мандат.

Десетици демонстранти се повредени во судирите со полицијата, а едно лице го загуби животот, откако е удрено од полициско комбе, рече денеска претседателот на организацијата Пролет 96.

Девојка повредена за време на протестите во Минска после претседателските избори/ 10. август 2020/ Фото: EPA-EFE/STRINGER

Околу 3.000 луѓе се уапсени во текот на протестите во неколку белоруски градови. Се протестираше во 33 градови, а станува збор за најкрвавите судири во историјата на земјата.

Некои следбеници на белоруската опозиционерка кандидатка Светлана Тихановскаја во понеделникот во раните утрински часови неофицијално прославиле победа на изборите.

Полициско насилство врз демонстраните во Минск/ 9. август 2020/ Фото: EPA-EFE/MARINA SEREBRYAKOVA

Тихановскаја одби да го прифати поразот бидејќи државните медиуми наведоа дека се чини дека Лукашенко добил повеќе од три четвртини од гласовите при пребројувањето, а според независни анкети таа водела во резултатите.

Бидејќи во главниот град како и во другите градови избрија протести на кои имало неколку десетици илјади луѓе, Тихановскаја повика на мир и ги замоли безбедносните сили да се воздржат од насилство.

Полицијата употреби шок – бомби и водени топови против демонстраните во Минск/ 10.август 2020/ Фото: EPA-EFE/STRINGER

Групата за заштита на човековите права Амнести Интернешнал твитна утрово дека нивниот персонал сведочел како на насобраното мнозинство во Минск „се фрлени 6 шок-бомби и испукани се неколку куршуми“. Освен тоа „најмалку шест возила на итната помош возеле зад полициските линии додека завивале сирените“.

Демонстранти му помагаат на повредено момче на протестот во Минск/ 10. август 2020/ Фото. EPA-EFE/STRINGER

Државните медиуми подоцна известија дека ситуацијата е под контрола и дека во министерството за внатрешни работи се состанал кризниот штаб.

Државната изборна комисија во понеделникот објави дека според првичните резултати, Лукашенко освои 80,23 отсто од гласовите, а неговата противкандидатка 9,9 отсто од гласовите.

Претседателката на изборната комисија Лидија Ермошина објави дека останатите кандидати освои помалку од два отсо од гласовите, а одѕивот бил 84 отсто.

 

The post Хаос на улиците на Минск: Стотина повредени, над 3.000 уапсени и една жртва (ФОТО+ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.


Хаос на улиците на Минск: Стотина повредени, над 3.000 уапсени и една жртва (ФОТО+ВИДЕО) was first posted on август 10, 2020 at 7:35 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....