2.8 C
Скопје
20:07 - 18 декември, 2024

Гром во мојата коприва не удира!

Слушам некои светски радија, гледам некои светски телевизии, и наидов на неверојатни вести: на пример, во целава оваа светска карантинска ситуација, на Запад се забележува тренд на враќање на разведени родители повторно привремено да живеат заедно, за да можат подобро да се грижат за заедничките малолетни деца. Дури и Деми Мур и Брус Вилис решиле да бидат во заеднички карантин со своите три ќерки (додуша, тие се на 26, 28 и 31 година возраст), после дваесет години од разводот.

Аууууу, какви опасни трендови! Зар и ти, брате, Брус! Декадентниот Запад забрзано оди кон пропаст…

Веднаш ја споделив веста во вибер групата „За влакно разведени, а и шо дека“, во која членувам… Предизвикав паника од 5Г размери, како да им соопштив дека заразата се шири со пиење препечена ракија! Се отвори инстант вибер-полемика чиј заклучок е: одма да се примени шведско сценарио, кој се зарази – се зарази, кој умре – умре, другите да доживеат длабока старост, само без нови брачни експерименти и далавери!

После тој едногласен заклучок, заради епидемиолошкиот статистички модел (молам!), логично се прејде на барање доброволци за умирање. Е, па, не може и дупе у рај и… како беше…

Нормално, никој не се пријави за смрт, да биде жртва за општото добро. Тоа ти е, таков народ сме ние. Сите сме експерти за сè, би сакале масовно да кршиме карантин, да бегаме од жените, ама по можност други д’умрат!

Некој мудро предложи: А зашто да не ги жртвуваме жените, наместо самите себе, па и тие се статистика!? … После првичниот ентузијазам, ура, браво и сл., сфативме дека тоа нема да го биде. Е, па, не може, они си седат, красатици и лепотици, дома, сè што е дуќан за нокти, за влакна, за фризури, за јога, за ботокс, за шминка, за масажа, за пуважа, е затворен… Кај да одат?! Сити мол се затвори, еееј! А они и тоа го преживуваат! Бубашваби, човече!

Знаат тие дека ние први ќе изгубиме нерви, ќе се изложиме на ризик, ќе испоцркаме, само се смешкаат и чекаат ние да им го решиме проблемот! Тоа е таа подмолна стратегија, драг Брус, ти повлече нога без да размислиш за последиците од твоите неодговорни постапки, ‘бати Накатома билдингот! (Д)Ефект на пеперутка, сфаќаш?

Потоа, како гуски во магла, во панично чукање вибер статуси, дојдовме и до прозивка: кој е дебел, кој е постар, кој е пушач, кој е ќелав, кој имал лани бронхитис – тие да се пријават за умирање, бидејќи статистиката за умирачка не е на нивна страна…

Ааааа, неќе моќи – јас сум сето тоа! Ај недијагностицираниов доброќуден тумор од 30 кила што го имам во стомаков, тоа и оперативно ќе се реши, некогаш… Ама другово?!

Си се повлеков јас тивко од вибер групата. Проработи нагонот за преживување.

„Ало, пиленце, да не треба нешто од продавница пред полициски да почне?“

Мислам, сори друштво, ама ако не можеш да ги победиш, придружи им се, бидејќи наведната глава сабја не сече, а и, во принцип, имаш иднина ако ја преживееш сегашноста. Ќе си поседам дома со женичката-богородичка, гром во таа коприва не удира.

The post Гром во мојата коприва не удира! appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....