5.8 C
Скопје
18:42 - 16 ноември, 2024

Грчки медиуми: Доверба за новата Влада на Зоран Заев

Доверба од Собранието на Северна Македонија, доби кусо пред полноќ про-западната влада на Зоран Заев, по предвремените избори што во балканската земја се одржаа на 15 јули, пишува грчката новинска агенција АНА-МПА на почетокот од текстот, што го презедоа речиси сите онлајн изданија на медиумите во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

АНА-МПА во текстот објаснува дека довербата беше изгласана од 62 пратеници, а новиот владин состав има 19 членови, седум помалку од претходната Влада.

„Северна Македонија: Владата на Заев доби доверба”; „Доверба од Собранието за Владата на Зоран Заев”; „Скопје: Заев обезбеди доверба и формира Влада”; „Доверба за новата Влада на Зоран Заев”; „Северна Македонија: Владата на Заев обезбеди доверба од Собранието”;  „Северна Македонија: Владата на Заев доби доверба – Албанец новиот министер за надворешни работи”, се дел од насловите во електронските изданија на медиумите во Грција во текстот од АНА-МПА.

Грчката новинска агенција акцентот го става на Министерството за надворешни работи, пишува дека новиот шеф на дипломатијата е досегашниот вицепремиер надлежен за европски прашања Бујар Османи и објаснува дека на негово место доаѓа довчерашниот министер за надворешни работи Никола Димитров.

-Зоран Заев во претставувањето на програмата на Владата спомена дека приоритетите ќе бидат борба со корупцијата и имплементација на реформите, кои се неопходни за европскиот пат на земјата, како и справување со здравствената и економската криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот, пишува АНА-МПА и додава дека македонскиот премиер споменал дека „новата Влада ќе ги почитува и целосно ќе ги спроведе трите клучни договори за земјата: Договорот од Преспа, Договорот на Северна Македонија со Бугарија за добрососедство и соработка, како и Охридскиот мировен договор”.

Очекување дека ќе продолжи добрата соработка со новата македонска Влада, изрази портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас, пред десетина дена, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина на тогашниот брифинг со новинарите.

-Очекуваме да продолжиме со една добра соработка, секогаш со компас кон европската перспектива на земјите од Западен Балкан, а според тоа и на Северна Македонија што е во интерес на народите на двете земји и на земјите од поширокиот регион, рече Пецас на 20 август, во во однос на очекувањата на Грција од новата македонска Влада.

The post Грчки медиуми: Доверба за новата Влада на Зоран Заев appeared first on Слободен печат.


Грчки медиуми: Доверба за новата Влада на Зоран Заев was first posted on август 31, 2020 at 10:44 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....