2.8 C
Скопје
18:10 - 19 декември, 2024

Граѓаните бараат спас од Вардариште

Во петок во 17 часот на рампата во населбата Маџари ќе се одржи протест против загадувањето од Вардариште.

– Се повикуваат сите граѓани од Маџари, Триангла, Ченто, Хиподром, на протест против „претоварната станица“ во Вардариште, од којашто секојдневно се гушиме во смрдеа сите ние. Исто така протестираме против секојдневното неконтролирано палење секакви отпади поради продавање метал во дивите отпади! – пишуваат во својата објава група граѓани, кои се организатори на протестот.

Тие бараат итно постапување во насока на расчистување на дивата депонија Вардариште и преземање мерки за надминување на проблемите со отпадите од секој вид.

– Правото на чист воздух и здрава животна средина е основно човеково право и мора да се бориме до крај – велат во повикот организаторите.

Од Општина Гази Баба, на чија територија се наоѓа старата депонија, нема одговор дали нешто преземаат за решавање на проблемот со кој се соочуваат граѓаните, особено во однос на дивите палења отпад и дали планираат чистење на Вардариште. Молчат и за тоа дали до нив стигнуваат реакции и жалби од  граѓаните кои живеат близу депонијата.

Претоварната станица, пак, која е лоцирана во Вардариште е во надлежност на јавното претпријатие „Комунална хигиена“. Тука секојдневно пристигнуваат помалите специјални комунални возила-камиони со капацитет до 8 метри кубни, од коишто комуналниот отпад собран во скопските општини се префрла директно во специјален затворен контејнер со капацитет од 15 тони.

– Откако ќе се наполни овој контејнер, во текот на истиот ден, тој се транспортира во депонијата Дрисла, каде што се истовара отпадот. Дневно се транспортираат максимум до 5 вакви контејнери, но најчесто во просек имаме 4 контејнери, односно 60 тони комунален отпад што дневно од страна на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје се транспортира на депонијата Дрисла. Отпадот од помалите камиони воопшто во ниту еден момент не се одлага на земја, туку директно се префрла во контејнерот којшто е затворен и контејнерот секогаш се транспортира во текот на истиот ден – вели Ана-Марија Бранѓолица, раководител на Секторот за поддршка на менаџментот во „Комунална хигиена“.

Таа додава дека во првата половина од годинава, во претпријатието не била пријавена ниту една поплака од граѓани поврзана со работењето на претоварната станица во Вардариште.

Депонијата Вардариште е сериозен проблем на Скопје, за кој институциите не најдоа решение, бидејќи чистењето е зафат со кои досега ни градската ни општинската власт не се осмелиле да се фатат. Во меѓувреме, граѓаните постојано се жалат дека на овој простор се палат огнови и се гори отпад, дека во околината се шири смрдеа и се загрозува здравјето на граѓаните.

The post Граѓаните бараат спас од Вардариште appeared first on Слободен печат.


Граѓаните бараат спас од Вардариште was first posted on август 12, 2020 at 3:10 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....