7.8 C
Скопје
17:35 - 27 ноември, 2024

Гордана и Миле – жртви на семејно насилство?!

Неодамнешното барање на Гордана Јанкуловска да им се приклучи на оштетените во процесот за масовното прислушување „Тврдина/Таргет“ од страна на претходната власт во која самата со години беше министер за внатрешни работи; како и вчерашното тврдење на еден од адвокатите на Миле Јанакиески дека неговиот клиент не бил „близок соработник“ на Груевски, туку негова жртва, бидејќи и самиот бил предмет на обемно нелегално следење што го спроведувале криминални структури во (нивната) власт, раководени од самиот Груевски – се зачудувачка илустрација не само за очајничките стратегии на нивните одбрани во продолжените судски процеси во кои на Јанкуловска и Јанакиески им се закануваат долгогодишни затворски пресуди, туку и за методите на „семејното насилство“ со кое владееше претходната власт.

Нивната судбина е, несомнено, трагична, по сопствена заслуга. Но, и Јанкуловска и Јанакиески и денеска отворено не се соочуваат со насилникот во нивното „семејство“ (и во целото општество) Груевски, туку се обидуваат „парцијално“, со адвокатски трикчиња, да се испазарат со неминовноста на надоаѓачката правда. Делумно затоа што му беа беспоговорни извршители, а со тоа и соучесници во насилието што го спроведуваше Груевски (не им прилега сега да се прават недолжни жртви како „децата на Јозеф Фрицл“, што би рекол Тричко); а делумно и затоа што доколку седнат и отворено да ја раскажат целата приказна, во детали кои ни Обвинителството не ги знае (на пример, каде се парите?), веројатно би имале што да загубат.

Којзнае, можеби количеството на она што имаат да го загубат сè уште им ја смирува совеста за тоа како, во иднина, ќе се правдаат пред нивните деца што ќе им фалат во нивните животи токму кога најмногу ќе им бидат потребни…

А речиси сум сигурен дека уште пред повеќе години добиле обвинителски понуди да соработуваат со правдата! Ама, не, партијата им ангажираше скапи тимови на адвокати за да ги замајуваат дека ќе ги ослободат од вина и дека, еве, само што не се вратиле на власт за да можат да продолжат од каде што застанаа.

И, сега, што би рекол Миле: Груевски избега, Рангелова ја ослободија од прогон, други се прогласија за недоветни, па сега тој ќе „плати“ за сите! … Изгледа дека ќе биде баш така некако.

И нема за што да се лутат на „режимот на Заев“, таа пропагандна млака вода со која и денес ги плакне нивната партија! На пример, Гордана Јанкуловска без задршка би требала да му влепи жешка шлаканица на еден од портпаролите на ВМРО-ДПМНЕ кој вчера, од позиција на неверојатна леснотија на постоењето за која би можеле да се дадат и понавредливи квалификативи, напишал дека ,,Јанкуловска е жртва на политичка пресметка и нарачка на мафијашот Заев со опозицијата“! … Бре, бре, бре! А да ти каже тебе тетка Горде чија жртва е таа, бидејќи нејзините потписи стојат на наредбите за дробење на опремата за прислушување?

Бидејќи, за одењето во затвор сите благонадежни членови од таа партија треба да му се заблагодарат на тандемот социопати-братучеди без чии детални снимки немаше да се откријат индициите за криминалите во кои учествувале – а за што, доколку се докажат, и се оди во затвор. Ако, пак, Јанкуловска и Јанакиески навистина не знаеле што правеле братучедите – во што темелно се сомневам – требаше да им стане јасно додека траеше онаа прочуена прес-конференција за „жолтите комбиња“… Не им текна ни кога во Пржино се договори СЈО?… Подоцна, можеше да им „светне“ барем кога двајцата клучни „изведувачи на работите“ пребегаа за Грција… На крајот, што ли си мислеле онаа вечер кога целата нација дозна дека „големиот лидер“ ја дувна за Будимпешта, оставајќи го целото „семејство“ овдека на цедило?!

Додуша, односот на „Фрицл“ кон Јанкуловска ми е појасен. Ама, го мислев оној Миле за попаметен.

The post Гордана и Миле – жртви на семејно насилство?! appeared first on Слободен печат.


Гордана и Миле – жртви на семејно насилство?! was first posted on септември 29, 2020 at 8:09 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....