23.8 C
Скопје
14:14 - 29 март, 2024

На секои 16 секунди во светот умира по еден заразен – досега над милион починати од ковид-19

 Бројот на починати во светот од новиот коронавирус денеска надмина еден милион лица, пробивајќи ја новата психолошка граница во пандемијата што ја уништи глобалната економија, преоптовари здравствени системи и го смени начинот на живот.

Со новиот коронавирус досега се заразени над 33,26 милиони луѓе ширум светот, а од последици на Ковид-19 починаа 1.000.010 лица.

Врз основа на септемврискиот просек, за 24 часа во светот од Ковид-19 умираат повеќе од 5,4 илјади луѓе, односно 226 лица во еден час или секои 16 секунди умира по еден заболен од оваа болест.

Откако беа регистрирани првите случаи на коронавирус во Кина во декември 2019 година, тој се прошири во повеќе од 210 земји и територии во светот.

Бројот на смртни случаи од ефектите на коронавирус оваа година сега е двојно поголем од бројот на луѓе кои умираат од маларија секоја година. 

The post На секои 16 секунди во светот умира по еден заразен – досега над милион починати од ковид-19 appeared first on Слободен печат.


На секои 16 секунди во светот умира по еден заразен – досега над милион починати од ковид-19 was first posted on септември 29, 2020 at 8:10 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....