6.8 C
Скопје
10:11 - 22 ноември, 2024

Ѓоковиќ наседна на предизборната игра на Вучиќ

Новак Ѓоковиќ е позитивен на ковид-19, објави светскиот тенисер број 1. Сагата на турнирот Адриа, кој самиот го организира(ше), а чие продолжение најверојатно ќе биде откажано по позитивните наоди и на другите тенисери – учесници на турнирот Григор Димитров, Борна Ќориќ, Виктор Троицки, како и двајца тренери, сега е во крешендо-фаза. Се потврдија како оправдани сомнежите и стравовите на сите што имаа резерви кон призорите што пристигаа од тениските терени во Белград и Задар.

„Сè што направивме во изминатиот месец, сторивме со чисто срце и искрени намери. Нашиот турнир беше од хуманитарен карактер, со идеја да им помогнеме на тенисерите од регионот, да им обезбедиме услови да играат, да заработуваат приходи и на тој начин полесно да го надминат овој тежок период. Во исто време, сакавме да испратиме пораки на солидарност и почит, фер игра. Целта, исто така, беше да им помогнеме на добротворните фондации и на оние на кои им е потребна помош најмногу, и драго ми е што голем број луѓе се приклучија на таа иницијатива. Ние го организиравме турнирот во време кога вирусот беше ослабен, верувајќи дека се исполнети условите за негово одржување. Многу ми е жал за секој поединечен случај на инфекција“, објави Ѓоковиќ.

Потврда дека организацијата на ваков турнир имало посебно место во срцето на Ѓоковиќ беа и неговите солзи по мечот против Александар Зверев во Белград, не поради неуспехот да се пласира во финалето, туку поради навраќањето на спомените од детството, кога на тие терени ги правел првите тениски чекори. Чувствата како да го заслепија човекот кој е спортска икона на милиони навивачи во светот.

Не се сомневам во добрите намери на Новак, иако сė можеше да биде и поинаку ако се почитуваа протоколите во услови на пандемија, дури и без двонеделни карантини, како што бара „Флешинг Медоуз“, на пример. Но Димитров не направил ниту ПЦР-тест, иако тврдат дека се шетал во четири земји: дошол од САД, па свратил во родната Бугарија, оттаму во Србија, па во Хрватска. И упорно молчел за симптомите. Што само ги подгрева сомнежите за „поголема игра“. И, ајде да не шпекулираме, но мораше ли да има публика? Можеби ќе се собереа помалку пари, но ризикот можеше да се сведе на минимум, а да се постигне сличен ефект. Мораше ли да се прават дополнителни спектакли, свирки, журки, сите во затворен простор. Изгледа дека „морало“!

Дозвола да се одржуваат спортски настани со публика, сепак, даваат властите. Но врз Ѓоковиќ сега ќе падне незаслужено товарот на осуда од светската спортска јавност, наместо врз вистинскиот виновник – апсолутниот победник на изборите кои беа делумно бојкотирани од опозицијата – Александар Вучиќ. Во сценариото за непобедливата Србија под водство на Вучиќ, која го дотолчила и вирусот, влезе и популарниот Ноле, кој со својот светски рејтинг требаше да стави печат. Сликите од преполнетите трибини, гушкањата и журкањето на тенисерите, спојувањето на Хрватите и Србите во еден хуман проект, беа замислени како шлаг на тортата, која Вучиќ почна да ја готви уште со дозволата да се играат фудбалски натпревари со публика. Треба да се биде наивен за да се верува дека на стадион со 20-тина илјади гледачи, на кој слават победа „гробарите“ или „делиите“, сеедно, ќе се носат маски, ќе се држи дистанца и ќе се почитуваат некои си таму препораки.

Последните сознанија за лажно пријавување на бројот на починати од ковид-19 во Србија се доказ дека вистината била ставена на олтар само за да се одржат изборите според замислата на лидерот на Српската напредна странка. Парламентот е освоен, власта е во рацете на автократот. Жртвите ќе се бројат отпосле. Меѓу нив ќе биде и Новак Ѓоковиќ. Да се надеваме дека единствената последица од оваа наивност на Ноле (како и за другите заразени), ќе биде дамката врз неговата досега непоматена слава. И дека ќе го смени својот антиваксерски став!

The post Ѓоковиќ наседна на предизборната игра на Вучиќ appeared first on Слободен печат.


Ѓоковиќ наседна на предизборната игра на Вучиќ was first posted on јуни 23, 2020 at 3:21 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....