2.8 C
Скопје
20:59 - 18 декември, 2024

Герберих за „Слободен печат“: Нема да има неказнивост ако се спроведе новиот Закон за јавно обвинителство (ВИДЕО)

Германскиот амбасадор Томас Герберих, не гледа можност за неказнивост или амнестија на политичари од власта во новиот Закон за јавно обвинителство, ако тој се имплементира така како што е напишан.

– Доколку законот вистински се имплементира, тогаш тоа нема да се случи. Двете политички партии ги користат овие обвинувања бидејќи поаѓаат од тоа дека политиката се меша во правосудството. Но, токму тоа не треба да се случи. Законот треба да овозможи независност на судството, што е еден од предусловите за пристапување во ЕУ. Доколку функционира правосудството, тогаш воопшто не е потребно мешање од страна на политиката. Тоа е застарен начин на размислување што треба да исчезне“, вели Герберих во интервју за „Слободен Печат“.

Според него, најважно е случаите што беа започнати од СЈО и што сега ќе преминат кај Јавното обвинителство да имаат разумна завршница и некаква разрешница, односно како што вели амбасадорот, „тие што се виновни конечно да одговараат за сторените дела, а политичарите да покажат дека навистина се сериозни во своите намери“.

Герберих смета дека за вистински напредок пред се политиката треба да престане да се меша во правосудството, како и да запрат непотизмот и вработувањата со партиска книшка.

За кризата со пасошите и можноста, по барањето од Македонија да интервенира и канцеларката Ангела Меркел за да се испорачаат нови обрасци, амбасадорот вели дека германската компанија што ги изработува има големо искуство во оваа сфера и испорачува пасоши со голема безбедносна заштита во многу земји, па треба само да ја направиме нарачката, а тој е сигурен дека таа ќе може да го испорача тоа и на нас.

Амбасадорот Герберих нема конечна информација за тоа како течат преговорите околу новата методологија, освен дека е прифатена од сите земји членки.

– Француската страна исто така е задоволна со предлогот, така што можеме да се придвижиме натаму. Патот е слободен за можно започнување преговори со земјата. Јас сум оптимист дека во март би можело да се случи тоа – вели германскиот амбасадор за „Слободен Печат“.

Целото интервју читајте го во утрешниот број на печатеното издание на „Слободен печат“.

The post Герберих за „Слободен печат“: Нема да има неказнивост ако се спроведе новиот Закон за јавно обвинителство (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....