2.8 C
Скопје
17:24 - 22 декември, 2024

Функционерите во Кремљ шокирани од игрите на Путин откриваат што навистина се крие зад неговите потези

Потегот на Владимир Путин со кој себеси си овозможи да остане претседател на Русија до 2036 година ги изненади и функционерите во Кремљ, а некои чувствуваат дека се измамени со неговите мотиви за промена на Уставот. Пресвртот на Путин беше удар за некои постари функционери кои се надеваа дека тој ќе најде поелегантен начин да го задржи влијанието кога ќе му заврши четвртиот мандат во 2024 година.

Некои повлекле паралела со 2011 година, кога тој од позицијата премиер ја презема претседателската функција од Дмитриј Медведев, со кого ги менуваше местата, пишува „Блумберг“.

Во Русија е можно да се биде шеф на државата два мандата по ред, па така Путин беше премиер на Русија од 1999-2000, потоа претседател во два мандата до 2008 година, премиер до 2012 година, па повторно претседател (реизбран 2018 година), додека Медведев служеше како претседател од 2008-2012, а потоа се префрли на позицијата премиер. Додека да му истече мандатот во 2024 година, Путин ќе биде четвртина век на врв на власта.

– Амандманите беа голема измама – изјави еден извор близок до Путин, додека друг го нарече тој потег „димна завеса“ направена со намера да му овозможи на претседателот да се реши од ограничувањата на мандатот и тоа во последен момент за да ја минимализира потенцијалната опозиција меѓу елитата во Кремљ.

Потегот на Путин да си обзебеди уште два шестгодишни термини ја бутна Русија на пат на утврдена авторативна власт слично како во Кина, каде претседателот Си Џинпинг го измени Уставот за да ја продолжи својата власт. Тој чекор исто така ги избриша сите прашања околу тоа дали Путин навистина ќе се спушти од власт и ќе и дозволи на Русија да еволвира во демократија како европската.

– Ова е многу различен вид на руската држава, бесрамно авторативна во својот дизајн. Тоа ги уназадува сите шанси за нормализирање на односите со Западот и го запира домашниот развој, а веројатно ќе ја засили стагнацијата – смета Александар Баунов, аналитичар во центарот во Москва, Карнеги.

Јавното национално гласање кое претседателот го направи услов за уставните промени да влезат на сила за сега се закажани за 22 април. Единствената работа на која Путин не сметаше е избивањето на новиот коронавирус во Русија, што можеби ќе ги натера да го одложат гласањето до јуни. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков негира дека Путин ги спроведува уставните реформи со намера да избегне ограничување на мандатот. Но, понатаму не коментирал.

За поголем дел од неговото дводецениско владеење, 67 годишниот Путин беше слика на демократски процедури, преземајќи мерки да делува дека Русија игра во стил на Западот. Иако тој може да одлучи да не влезе во трка за претседател во 2024 година, малку има кои сметаат дека тој ќе ја пропушти таа шанса.

Сепак, Путин и понатаму е соочен со ризик бидејќи многу од неговиот внатрешен круг прашуваат зошто избрал токму сега да направи таков потег. Кога во 2011 година со своите потези да дојде на претседателската функција ја разбесни јавноста, дојде до најголемите антивладини протести во неговото владеење. Истражувањето на Центарот Левада од јануари, спроведени меѓу 1.600 Руси, покажа дека 27 отсто сакаат Путин да остане претседател по 2024 година, додека 25 отсто изразиле желба тој да се пензионира.

– Западните лидери ќе мораат да се навикнат на идејата дека Русија е исто што и Путин и да ги отфрлат илузиите дека тој си заминува – заклучи Фјодор Лукјанов, шефот на Советот за странска и одбранбена политика.

The post Функционерите во Кремљ шокирани од игрите на Путин откриваат што навистина се крие зад неговите потези appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....