22:07 - 22 декември, 2024

Франција станува второ жариште на коронавирусот во Европа

Епидемијата на новиот коронавирус продолжува да се шири во Франција, со што таа станува второто жариште во Европа, со вкупно 130 заболени,  јави дописникот на МИА.

Вкупно 130 лица сe заразени во земјата, од кои две лица починаа. До вчера 18 часот имало уште 100 потврдени случаи, од кои 9 во тешка состојба, 12 биле излекувани, 2 починати и 86 на болничко лекување. Меѓу заболените има две деца на возраст од 1 и 5 години и нивната 27-годишна мајка кои се заедно на лекување во Стразбур.

Во прекуморските територии и департмани има три случаи на заразени во Сант Мартан о Сант Бартоломеј.

Франција ги откажа сите собири на повеќе од 5.000 лица во затворени простории, како денешниот последен ден од Саемот на земјоделство во Париз, а е откажан и Салонот на книгата во Париз. Оваа одлука на француската влада се применува и на некои надворешни настани, како полу маратонот во Париз или неделниот пазар во Креј (парискиот регион). Во Оаз, департман со дури  36 случаи на заразени, каде почина  наставник, од утре основните и средните училишта – вкупно 102 се затворени. Францускиот совет на муслиманската вера побара од имамите и одговорните на џамиите да преземат соодветни мерки за заштита.

The post Франција станува второ жариште на коронавирусот во Европа appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....