14.8 C
Скопје
14:49 - 18 декември, 2024

Франкфурт меѓу победниците од Брегзит: Повеќе од 30 банки се иселуваат надвор од Лондон

Франкфуртскиот банкарски центар е еден од победниците од излегувањето на Велика Британија од Европската унија, според истражувањето на „Landesbank Hessen-Thüringen“. Повеќе од 30 странски банки ја донесоа својата одлука во корист на германскиот финансиски центар, изјави за „Ројтерс“ аналитичарката, Улрике Бишоф.

– Ниту еден друг банкарски центар не може да остане во чекор. Финансиските компании кои претходно работеа во Лондон мораат изградат упориште во континентална Европа заради излегувањето на Велика Британија од Европската унија за да продолжат да ги нудат своите услуги во иднина“, рече таа.

Поради Брегзит, до крајот на 2021 година, најверојатно ќе се создадат околу 3.500 нови работни места во Франкфурт, вели Бишоф, која со години го анализира развојот на најважниот финансиски центар во Германија. Треба да има повеќе работни места отколку што требаше да се намалат со реструктуирањето во банкарскиот сектор.

– Со оглед на првичниот датум за излегување, веќе има значително зголемување на бројот на вработените предизвикано од Брегзит и ќе продолжи на среден рок, особено затоа што има период на транзиција“, рече Бишоф.

The post Франкфурт меѓу победниците од Брегзит: Повеќе од 30 банки се иселуваат надвор од Лондон appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....