Ерменското Министерство за одбрана објави дека турски борбен авион Ф-16 соборил ерменски борбен авион СУ-25. Авионот, според руските медиуми, се урнал во ерменскиот воздушен простор.
Информацијата ја објави порталот „Русија денес“, што е под силно влијание на официјален Кремљ.
Како што е познато, конфликтите меѓу Ерменија и Азербејџан траат со денови.
Русија, предводена од претседателот Владимир Путин, ја поддржува Ерменија, а Турција, предводена од Реџеп Таип Ердоган, го поддржува Азербејџан.
Ако се точни информациите за турското уривање на ерменскиот воен авион, тоа значи дека Турција е отворено вклучена во воениот конфликт меѓу Ерменија и Азербејџан, што драматично би го дестабилизирало регионот.
Двете земји се во децениски спор за регионот, а до 1994 беа и во отворена војна. Веќе 26 години таму владее примирје кое е контролирано од ОБСЕ.
АНАЛИЗА: Кој би победил во војната меѓу Азербејџан и Ерменија?
The post Ескалира ситуацијата: Турски Ф-16 соборил ерменски воен авион (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.
Ескалира ситуацијата: Турски Ф-16 соборил ерменски воен авион (ВИДЕО) was first posted on септември 29, 2020 at 5:07 pm.