13.8 C
Скопје
09:07 - 28 април, 2024

Експертите: Подгответе се, дома би можеле да седиме со месеци

Со појавата на коронавирусот животот во целиот свет драстично се промени. Физички сме одвоени од луѓето кои ги сакаме, ги избегнуваме сите места, па дури и тие омилените, многу останаа без работа и ги чека финансиска неизвесност. Борбата против коронавирусот влезе во секоја пора од нашите животи и сега веќе едвај чекаме се да пројде. Но, оваа борба може да трае месеци, година дена, а можеби и повеќе.

Во сето тоа се наоѓаме бидејќи здравствените експерти веруваат дека држењето социјална дистанца е најдобар начин да се избегна најголемата криза, а тоа е да се заразат стотици илјади луѓе кои би го загушиле сопствениот здравствен систем, кој во тој случај не би имал доволно капацитет за тешко заболените на кои им е потребна посебна нега.

„Некои можеби мислат дека отидовме предалеку со овие мерки. Меѓутоа, тоа што морате да го знаете е дека кога се борите со ваква епидемија ако гледате каква е моменталната состојба, тогаш сте веќе во големо заостанување“, рекол д-р Ентони Фаучи, шеф на американскиот Институт за заразни болести и дел од тимот на Белата куќа за коронавирусот.

Научниците понудиле две сценарија: Ублажување, кое се фокусира на забавување, но нужно и потполно запирање на ширењето на епидемијата. Другото сценарио е спречување, со фокус на прекинување на ширењето на епидемијата. Второто сценарио е многу повлијателно, но бара социјална дистанца на целата светска популација, но таа може да спаси човечки животи и да спречи болниците да станат пренатрупани надвор од нивните капацитети.

Но, потполна социјална дистанца мора да трае се додека не се најде вакцината, што би можело да потрае 18 месеци. Но, во тој случај не заборавајте дека таква мерка скапо би ја чинела економијата, околината па дури и нашето психичко здравје.

Коронавирусот е многу заразен, едно лице во просек заразува 2 до 2.5 други лица, ако нема мерки на превенција. Исто така, тоа е нов вирус па затоа никој не е имун на него. Дури и во Кина може пак да се појави и да зарази голем број на луѓе. Овој вирус може да се прошири и пред луѓето да покажат симптоми. Токму затоа коронавирусот ќе биде многу тешко да се контролира и открие.

Ако овие мерки продолжат толку долго колку што научниците предвидуваат, а се тоа води спрема тоа сценарио, здравствените власти ќе мораат да најдат баланс меѓу тоа да спречат голем број на смртни случаи, но животот да не стане неподнослив. Од друга страна, времето ќе не научи што точно прави социјалната дистанца.

Научниците уште проценуваат која група на луѓе и на кои локации најлесно го шират вирусот. Ако навистина се покаже дека децата немаат некоја улога во ширењето на болеста, за некое време повторно би можеле да се отворат училиштата. Ако се утврди дека забраната на патувања нема некој ефект, таа забрана би можела да се укине. Луѓето и понатаму би можеле да работат од дома, но рестораните и кафулињата би можеле да се отворат, но со ограничувања на бројот на маси и оддалеченоста меѓу нив.

Нормално е дека луѓето околу оваа тема се вознемирени, многу работи се уште непознати и тешко е да се предвиди како ќе заврши. Можда навистина ќе избегнеме најлошото, но на тоа мораме да бидеме подготвени. Животот наредните месеци нема да биде лесен и очекувано е на никого да не му се допаѓа. Тоа што е позитивно е дека оваа епидемија ќе исчезне, само уште не се знае кога.

The post Експертите: Подгответе се, дома би можеле да седиме со месеци appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....