8.8 C
Скопје
14:02 - 22 декември, 2024

Економист: Балканските земји прерано соопштија дека коронавирусот е под контрола

„Неколку месеци се чинеше дека Балканот со пандемијата од коронавирус добро стои, но сега меѓу десетте земји со најбрзо растечка стапка на зараза во Европа, осум се од Балканот“, пишува британски Економист, оценувајќи дека владите на балканските земји прерано соопштија дека вирусот е под контрола.

Весникот наведува дека, ако воопшто била вистина дека цврстите мерки на почетокот делувале, таа предност се изгуби со брзото повторно отворање. Или пак можеби почетните броеви биле погрешни, благодарение на лошото мерење или прикривање, можеби сликата никогаш не била толку добра како што се чинеше.

„До почетокот на јуни, според српската статистика, само 244 лица починаа од последиците на инфекција, но потоа во еден истражувачки извештај наведено е дека вистинскиот број на починати е 632“, пишува Економист и додава дека претседателот и владата, во тој момент ангажирани во изборната кампања, негирале дека се обидувале да ги намалат вистинските бројки.

Повикувајќи се на мислењето на лекари, Економист како причина за нискиот број регистрирани инфекции во првите месеци од епидемијата наведува дека имало малку тестирање. Денеска се тестира повеќе, наведува Економист и додава дека се чини дека властите објавуваат поточни бројки, делумно и под притисок на 2.870 огорчени лекари кои потпишаа протестно писмо.

Како и во поголемиот дел од остатокот од Европа, официјалнтие пораки се загрижувачки, а на Балканот кон збрката допринесе и ниското ниво на доверба во власта, оценува Економист и додава дека многумина веруваат во теориите на завери кои често ги промовираат угледни луѓе.

Опишувајќи ја состојбата во одредени делови на регионот, Економист наведува дека претседателот на Косово, во екот на политичкиот спор со премиерот и владата на Косов, повикала на игнорирање на упатствата, а семејствата на заразените влегуваат и излегуваат од болница без проверка и им носат храна.

Во Албанија се слеваат илјадници луѓе полнејќи ги плажите, слично како на брегот на Црното море во Романија каде бројот на инфекции исто така брзо расте.

Кога станува збор за Босна, болниците добро се држат, но поради скандалот кој го следат набавки врзани за борбата против ковид-19 многумина веруваат дека „некој заработувал додека на сила беше карантинот“, пишува Економист и потсетува на аферата со фирмата „Сребрена малина“ на која и беше доверен бизнисот со увоз на респиратори од Кина иако немаше никакви референци за трговија со медицинска опрема.

Во јуни, потсетува Економист, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ организираше регионален тениски турнир на кој се гушкаше и се забавуваше со хрватски и бугарски тенисери од кои неколкумина се заразија.

„Улога имаа и свештениците“, додава Економист и го наведува примерот со Црна Гора каде се „појавија случаи на инфекција од почетокот на празниците, како и после големите антивладини демонстрации кои ги предводеше православната црква“.

Пандемијата ширум регионот се поклопи со православните, католичките и муслиманските празници и собири, се додава. И уште полошо, во тој сиромашен дел од Европа постои огромен притисок за враќање на работа што дополнително ја зголемува стапката на зараза, заклучува Економист.

The post Економист: Балканските земји прерано соопштија дека коронавирусот е под контрола appeared first on Слободен печат.


Економист: Балканските земји прерано соопштија дека коронавирусот е под контрола was first posted on август 7, 2020 at 7:30 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....