3.8 C
Скопје
12:46 - 23 декември, 2024

Едно општеството за сите, ама најмногу за Албанците

Дали Албанците се презастапени во Собранието и во идната влада каде што нивните политички претставници ќе учествуваат со повеќе од една третина од местата и колку етничкиот предзнак на партиите ќе влијае врз концептот за едно општество за сите што го гради владејачката СДСМ? Треба ли да стравуваат Македонците од албанската доминација во одредени сектори како што е регионалната политика или домашните финансии и можат ли да бидат мирни дека нивните интереси ќе бидат застапувани од институциите на системот во секое време и место?

На парламентарните избори на 15 јули ДУИ, Алијанса на Албанците, Алтернатива, Беса и ДПА освоија вкупен најголем број пратеници досега, 32 од 120, а во извршната власт ДУИ и Беса ќе имаат седум од вкупно 19 министри.

Бројот на пратениците и на министрите Албанци немаше да биде пресуден доколку албанските партии за време на предизборието се воздржуваа од силната националистичка реторика, која беше изразена пред сѐ во барањето на ДУИ за прв премиер Албанец, но ја користеа и останатите партии, според кои Албанците сѐ уште се обесправени во многу области. Ни постизборието не беше лишено од албански национализам, кога по победата лидерот Али Ахмети објави дека „орелот слетал“, а договорот за владина коалиција меѓу СДСМ и ДУИ беше оценет дури и како  „договор за федерализација“, како што сугерираше пратеникот Димитар Апасиев од Левица во еден неодамнешен статус на Фејсбук.

Албанските аналитичари не сакаа да коментираат дали тие се презастапени во институциите за разлика од останатите етнички заедници што останаа без претставници во првиот ешалон на извршната власт, со образложение или дека не се експерти за таа тема или дека ќе ја почекаат идната влада пред да го дават својот став.

Аналитичарот Благојче Атанасовски вели дека Али Ахмети со ДУИ веќе речиси 20 години ги троши македонските политички лидери од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ и ја користи нивната борба до истребување во сопствена корист.

– Проблемот е во неединството на македонските лидери. Тие отсекогаш го гледаат задоволувањето на нивниот личен или на партискиот интерес, а не гледаат повисок натпартиски и национален интерес. Никогаш немале поголем заеднички план или изградена национална стратегија, како што имаат албанските партии, кои секогаш се единствени за нивните национални прашања. Политички закрвени, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со години не им контрираат на ДУИ и еве веќе 20 години како Али Ахмети ги троши нивните лидери еден по еден – вели Атанасовски за „Слободен печат“.

Тој вели дека, на пример, одбивањето на Алијансата на Албанците и на Алтернатива да учествуваат во постизборните иницијативи на ДУИ не е знак дека и кај албанските лидери почнала „борба до истребување“, туку е резултат на нивното политичкото созревање.

Според нашиот соговорник, моментната албанска доминација на политичката мапа во Македонија не е резултат и на вистинска доминација на терен, туку на ниската излезност на македонското гласачко тело на изборите, каде што СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ заедно освоија за 200.000 гласови помалку од изборите во 2016 година и соодветно на тоа имаат и помалку пратеници.

– Сега една третина од министерствата им припаѓа на Албанците затоа што ги нема седумте министерства без ресор, што во минатата влада беа резервирани за помалите коалициски партнери на СДСМ од етничките партии на Турците, Ромите и Србите. Да имаа СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ по 400.000 гласа, како што имаа порано, ДУИ сега не би добиле толкави отстапки. Секогаш кога е мала разликата помеѓу македонските партии, така беше и во 2016 година, ДУИ ги бара најголемите концесии за да учествува во власта. Слушам ќе добијат и директорски места во АЕК или во М-НАВ, кои реално вредат повеќе од некои министерства што ги има СДСМ, како Министерството за култура, на пример. Партиите секако дека не ги бараат тие директорски места за да направат реформи, туку затоа што има високи плати и големи тендери – вели Атанасовски.

Пописот треба да ја релаксира состојбата

Со реален попис од кој ќе бидат тргнати партиските канџи, ќе се релаксира состојбата во Македонија, смета аналитичарот Атанасовски. Но, за пописот што треба да се случи напролет, и пред кој треба да се постигне политички консензус за горливите прашања, засега сѐ уште никој не зборува.

– Македонија е последната земја на светот без попис повеќе од 10 години, по пропаднатиот попис од 2011 година. Пописот е потребен за да се види етничката распределеност на населението, но и социјалната, демографската и друга слика на населението по регионите, за да се планира растот и развојот. За тоа е потребен, не за друго. А ние имаме институционален фелер воведен со Рамковниот договор, кој претпоставува застапеност на Албанците од најмалку 20 отсто за да имаат културни, јазични и други права, па со години се создава искривена слика дека ако новиот  попис покаже дека Албанците се помалку од 20 отсто, тие права ќе им бидат ускратени. Тоа е нонсенс – вели Атанасовски.

The post Едно општеството за сите, ама најмногу за Албанците appeared first on Слободен печат.


Едно општеството за сите, ама најмногу за Албанците was first posted on август 25, 2020 at 7:30 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....