-3.2 C
Скопје
03:37 - 26 ноември, 2024

Државата подготвува одговор на барањето на Судот во Стразбур во врска со апликациите за предмети на СЈО

Министерот за правда Бојан Маричиќ вели дека пред десеттина дена до Владата стигнало барање од Европскиот суд за човекови права да одговори во врска со апликациите поднесени до Судот поврзани со предметите на поранешното СЈО и оти во овој период државата подготвува стратегија за настап кој, како што рече, ќе биде во одбрана на владеењето на правото и правната држава.

– Ние сме сега во почетна фаза, стигнаа пред десеттина дена апликациите на одговор од Владата. Се уште ги разгледуваме во нашите институции, интензивно работиме и се подготвуваме и не би давал конкретни податоци, што и како ќе се случува. Мислам дека ќе направиме соодветна стратегија која што ќе работи во одбрана на владеењето на правото и правната држава, рече министерот Маричиќ одговарајќи на новинарско прашање на денената прес-конференција.

Тој додаде дека Владата останува на својата доследна борба за владеење на правото, но не сакаше да изнесува детали за тоа како државата ќе постапува, со цел, како што рече, да не го загрози целиот процес

– Се уште сме во една рана и почетна фаза на постапката, а Република Северна Македонија е странка во постапката и треба соодветно да се однесува. Не би ги изнесувал детално аргументите, ниту стратегијата на нашата позиција пред судот. Ние сме во една почетна деликатна фаза и секое изјаснување јавно на влади, на кој било владин претставник може да има последици во натамошната постапка, рече министерот за правда.

Затоа, додаде тој, без да ги загрозам интересите на нашата држава во постапката би кажал дека ние работиме на случајот, ги разгледуваме сите апликации бидејќи не се работи за една туку за повеќе апликации одеднаш, ги разгледуваме и ги подготвуваме нашите аргументи и нашата стратегија за доследна борба за владеење на правото.

Тој најгласи дека во оваа фаза на државата и се остава можност од неколку недели за евентуално спогодување и доколку тоа не с е случи, натаму останува можноста за одговор, а тужбеното барање и почнува постапката.

Повеќемина поранешни функционери во Стразбур побараа да паднат судските предмети во кои се или допрва ќе бидат осудени, повикувајќи се на аболицијата на експретседателот Ѓорге Иванов во 2016 година. 

The post Државата подготвува одговор на барањето на Судот во Стразбур во врска со апликациите за предмети на СЈО appeared first on Слободен печат.


Државата подготвува одговор на барањето на Судот во Стразбур во врска со апликациите за предмети на СЈО was first posted on октомври 8, 2020 at 1:13 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....