2.8 C
Скопје
18:42 - 26 ноември, 2024

Драчевци возат како „Англичани“: Добиле нова цевка, „изгубиле“ една лента од патот! (ФОТО)

Жителите на улицата „Киро Фетак 2“, која ги поврзува скопските населби Драчево и Долно Лисиче, многу се израдуваа кога на почетокот на мај видоа дека багери и камиони почнаа да ја раскопуваат нивната улица. Тие уште во 2018 година поднеле инцијатива до Општина Кисела Вода за да им се смени лошо изведената и изгмечена канализациска цевка, која се затнуваше, па при секој поголем дожд отпадните води им се враќаа во дворовите и во споредните улички. Но, нивната радост не траеше долго. Сега улицата е оставена до половина раскопана, а возилата се движат по една лента, и тоа левата, како во Англија. Ситуацијата е многу полоша кога ќе заврне и целата улица плива во кал.

– Еден месец не можевме да поминеме од багерите и од камионите што копаа, но мислевме, добро, општината се смилува, и барем пред избори реши да ни ја поправи канализацијата. Но, штом завршија изборите, уште истиот ден целата механизација ја собраа, си заминаа и ја оставија улицата раскопана. Не може човек да појде до продавница, ако е суво од прашина, а ако заврне, од кал. Возилата се туткаат сите на една страна – вели пензионерот Миле Мојсоски, еден од подносителите на инцијативата за менување на канализација.

Тој вели дека собирал потписи низ цела населба, но надлежните ниту некогаш ги викнале на разговор ниту им се јавиле. Само на едно од нивните многу телефонски јавувања одговориле дека иницијативата „ќе се разгледа“. Во тоа „разгледување“ поминале цели две години. Граѓаните се задоволни што цевката е сменета, и тоа се покажало при неодамнешните обилни дождови, кога канализацијата кај никого „не вратила“, но сега им остана раскопана улицата.

– Ова не е работа, ова никаде го нема! Кога ќе се почне нешто, треба и да се заврши, а не вака! Сега изгледа треба да чекаме некои нови избори за да се смилуваат и да го вратат асфалтот – вели Мојсоски.

Марјан Б., сосед на Мојсоски, вели дека си ја искршил колата возејќи по оваа улица.

– Возиме како Англичани од лево, зашто ќе ги искршиме колите. Како и сите, и јас возам на лева страна, додека не ми дојде некој отспротива, па нагло вртам да го избегнам. Некогаш не е прегледно, па вистинско чудо е како досега не се случил директен судир – вели Марјан.

Во Општина Кисела Вода тврдат дека за еден месец улицата ќе биде комплетно завршена и асфалтирана. Но кога ќе почне асфалтирањето, нема прецизен одговор.

– Досега не беше извршено асфалтирање поради честите дождови. Будно ја следиме временската состојба, затоа што мора да поминат 10 дена од последните дождови за да се пристапи кон асфалтирање – велат од Кисела Вода.

Значи, на жителите им останува да одбројуваат до решавање на нивниот проблем, да се надеваат дека нема повторно да врне во наредните денови и да ги држат за збор општинарите. Веќе два дена не врне во Скопје, па ако се исполни најавата од  надлежните од Кисела Вода, асфалтирањето би требало да почне околу 20 август.

The post Драчевци возат како „Англичани“: Добиле нова цевка, „изгубиле“ една лента од патот! (ФОТО) appeared first on Слободен печат.


Драчевци возат како „Англичани“: Добиле нова цевка, „изгубиле“ една лента од патот! (ФОТО) was first posted on август 11, 2020 at 3:00 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....