Родителите кои се сомневаат дека бебињата по раѓањето им исчезнале од родилиште во Србија, имаат нов рок, до 3. ноември да поднесат до судот предлог за утврдување на фактите за статусот на своите деца, објави Бета.
„Вечерње новости“ во денешниот број наведува дека вишите судови во Белград и Ниш на весникот му потврдиле дека „првобитниот рок до 11. септември е продолжен во склад со уредбата за рокови во судските постапки за време на вонредна состојба“.
Претходно на 11. септември кога истекувал рокот за поднесување на судски предлози според законот за „исчезнатите бебиња“ кој стапи на сила на 11 март и предвидуваше шест месеци за поднесување на предлогот, Народниот правобранител побара на родителите да им се даде уште месец и пол за да се обратат до правосудството, зошто тоа не го можеле да го сторат поради вонредната состојба воведена поради епидемијата од коронавирус.
Во меѓувреме, Врховниот касациски суд, потврдува за „Новости“, дека постапка според Законот за утврдување на фактите за статусот на бебиња за кои се сомнева дека исчезнале од родилиштата, до 1. јуни покренале 37 родители.
Членот на белградската група родители на исчезнатите бебиња Горан Филиповиќ за „Новости“ изјави дека тоа здружение на 11 септември до Вишиот суд во Белград доставило дополнителни 70 предмети, што значи дека досега се поднесени најмалку 107.
„Во петокот предадовме 70 обработени предмети до Вишиот суд во Белград, а подготвуваме уште триесетина кој во меѓувреме ни ги доставија родителите. Се надеваме дека судовите ќе ги прифатат“, рече Филиповиќ.
„Новости“ наведуваат дека во Ниш за 18. септември е закажана обука за судиите како да постапуваат според новиот закон.
Според Законот, утврдување на случаите на исчезнатите бебиња до судовите може да поднесува и Народниот правобранител на Србија.
The post Досега 107 семејства бараат судска разврска за случаите на исчезнати бебиња во Србија appeared first on Слободен печат.
Досега 107 семејства бараат судска разврска за случаите на исчезнати бебиња во Србија was first posted on септември 16, 2020 at 11:36 am.