-3.2 C
Скопје
05:16 - 23 декември, 2024

Докторот што се „коцкаше“ со короната: Поради ова откритие целата медицинска заедница гледа во него

Ширум светот докторите се справуваат со тешки и стресни одлуки обидувајќи се да сфатат како ковид-19 ги убива нивните пациенти. Една теорија сепак се издвоила – мали згрутчувања на крвта ги затнуваат, односно ги блокираат белите дробови и доведуваат до смрт.

Докторот Хоман Пор од Њујорк не можел да го докаже тоа. Потребните тестови дополнително би го загрозиле неговиот персонал, но специјалистот за бели дробови видел траги кои докажувале дека се работи за крвните згрутчувања. Така тој одлучил да се „коцка“, па го извадил најпознатиот лек за лекување на мозочен удар.

„Си реков себеси дека не можам ништо да изгубам. Тогаш одлучив на пациентката да и дадам не само средство за разредување на крвта, туку и за собирање на крвните згрутчувања.“

Кинеските доктори први алармираа кога станува збор за оваа тема. Во март специјалисти на кардиологија советувале еден американски универзитет да внимаваат на крвните згрутчувања и рекле дека одредени тестови на крвта кои укажуваат на зголемување на ризикот за згрутчување на крвта би можеле да сигнализираат кои пациенти се во поголема опасност.

Но дали тие биле причина за влошувањето на состојбата или само последица од болеста?

Многу болници ширум светот се обидуваат превентивно да даваат терапија против згрутчување на крвта. Постои и голема расправа околу тоа кои лекови треба да се користат, која доза е сигурна и во која фаза на болеста треба да почнат да се даваат тие лекови.

Доктор Пор во моментот кога жената буквално се гушела без кислород, одлучил да и даде лекови за разретчување на крвта. Успеал да ја одржи во живот уште неколку дена, но за жал, жената потоа починала.

Како што вели докторот, некои пациенти кои имале полесна клиничка слика од споменатата жена, по примената на овие лекови покажале подобрување на нивото на кислород.

Токму поради тие причини ги повикал научните кругови итно да спроведат клинички студии кои ќе утврдат дали абнормалните згрутчувања на крвта поттикнуваат влошување на состојбата кај заболените од корона и кои лекови се најадекватни да се даваат, со што го разбуди интересирањето на медицинската заедница.

The post Докторот што се „коцкаше“ со короната: Поради ова откритие целата медицинска заедница гледа во него appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....