21.8 C
Скопје
15:18 - 27 април, 2024

Димитров: Новиот закон за надворешни работи ќе го носи следниот собраниски состав, воздржан сум за измените по скратена постапка

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска изјави дека Предлог-законот за надворешни работи со оглед на тоа што Собранието е во функција уште неколку дена во контекст на распуштањето и изборите, најверојатно ќе го чека следниот собраниски состав.

Димитров информира дека група пратеници имаат поднесено измени на Предлог-законот за надворешни работи, по скратена постапка, што него, како што рече, му создава нелагодност и воздржаност.

– Тоа е еден сериозен закон, прави големи чекори напред. И покрај тоа што имав поддршка од Европската  делегација пресековме да не ставаме европско знаменце, да не бараме скратена постапка, бидејќи мислам дека новите решенија во законот треба да поминат низ една голема и суштинска дебата и во Комисијата и во Собранието. Во меѓувреме има предлог од група пратеници за измена на стариот закон само во еден сегмент. Содржината на предлог-измената е на линија на новиот Предлог-закон за надворешни работи. Она што мене ми прави нелагодност е што измената е предложена во скратена постапка и затоа сум, како да кажам воздржан, рече Димитров.

Од една страна, додаде тој, „отсликува решение што по долги дебати и консултации со други закони за надворешни работи од земји – членки на Унијата и компаративно земји од нашиот регион пресековме во таа насока, но процесно во смисла на дебата и на процедура, мислам дека е важна отворена дебата”.

– Министерството нема да прати ниту еден амбасадор кој не ги исполнува важечките прописи, пред се, од актуелниот Закон за надворешни работи. Кандидатите што се во оптег и што имаат двојно државјанство се условно усогласени така што нема да може ако остане актуелниот закон да бидат упатени се додека имаат двојно државјанство, потенцира Димитров.

Пратениците Артан Груби од ДУИ и Јулијана Николова од ЛДП до Собранието имаат поднесено измени на Законот за надворешни работи по скаретна и тоа само во делот на условите што треба да ги исполнуваат кандидатите за амбасадори.

Предлагаат во членот 36 став 1, алинејата 1 да се  смени и  да гласи „да е државјанин на Република Северна Македонија”, а по ставот 2 да се додаде нов став 3 и да гласи: „Лице кое има државјанство на друга држава не може да биде именуван за амбасадор во државата за која има државјанство”.

Одговарајќи на новинарско прашање Димитров кажа дека досега нема информации за други случаи на македонски државјани поврзани со корона вирусот, освен оние тројца на крузер во Јапонија и македонската државјанка во карантин во Франција.

– Ние преку нашата амбасада во Токио дневно се обидуваме од јапонски власти да добиеме конкретни информации. целиот број е во карантин и до овој момент немам свежи информации за нова состојба, рече шефот на дипломатијата.

The post Димитров: Новиот закон за надворешни работи ќе го носи следниот собраниски состав, воздржан сум за измените по скратена постапка appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....