0.8 C
Скопје
22:20 - 18 декември, 2024

Џафери: Ротирачки спикер или премиер е прашање на политички договор

Претседавачот на Собранието Талат Џафери изјави дека ќе закаже продолжение на конститутивната седница штом добие потврда дека партиите ги решиле двете останати прашања – избор на претседател на законодавиот дом и комисија за избори и именувања.

Вели дека не е и нема намера да биде причина за блокирање на институцијата и оти ги следи процедурите.

– Во моментот кога ќе има предлог дека се решени прашањата по однос на комисијата за избори и именувања и кандидат за претседател на Собранието, без разлика кој и да е тој, моја обврска според Деловникот е да продолжам со седницата за да може да се довршат тие точки. Јас во тој правец не правам никаков проблем, рече Џафери на дневникот на Сител ТВ.

Во однос на можноста за ротирачки премиер или ротирачки собраниски спикер, Џафери рече дека тоа е пакет на политички договор меѓу партиите кои прават мнозинство и во таа насока, како што рече, не се раководи од личните статусни прашања.

– Работата е политичка. Затоа се доделува мандат за состав на Влада и програма за работа на владата  која се поднесува до Собранието. Ако во тие 20 дена преговори за состав на влада го имаат соодветното парламентрано мнозинство, во рок од 15 дена од приемот на предлог составот и програмата на Владата, Собранието треба да одржи седница и да избере влада. Доколку е политичкиот договор таков, тоа е неспорно, нагласи Џафери.

Прашан дали е оптимист дека до крајот на неделава е можен договор и продолжување на седницата, Џафери не одговори конкретно, само посочи дека во животот секогаш бил оптимист.

Тој смета и дека треба да се допрецизираат одредбите за тоа кога е конституирано Собранието, ако не во Уставот како потешка процедура, тогаш во собранискиот Деловник, за да нема недоразбирања во иднина.

Талат Џафери минатата недела најави дека ќе свика продолжение на конститутивната седница дента кога претседателот Стево Пендаровски му го довери на лидерот на СДСМ Зоран Заев мандатот за составување влада, но се откажа од намерата поради семејни обврски, односно зато што доби внук од ќерка.

The post Џафери: Ротирачки спикер или премиер е прашање на политички договор appeared first on Слободен печат.


Џафери: Ротирачки спикер или премиер е прашање на политички договор was first posted on август 17, 2020 at 8:10 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....