На првиот ден од почетокот на новата учебна година дел од порталите во земјава ги зовреа социјалните мрежи откако објавија дека учебната година ќе трае до 31 август, а одлуката за тоа ја донела Владата и истата е објавена во службен весник.
На тој начин тие кренаа паника во јавноста дека децата ќе мора да одат на училиште до крајот на август.
Меѓутоа, тие пропуштија да објаснат дека учебната година секогаш трае до 31 август, додека наставната до 10 јуни.
– Немаме никакви информации за продолжување на наставната година. Училишната година секогаш трае до 31 август, додека наставната година за учениците секогаш е до 10 јуни, па така ќе биде и оваа година. И од МОН соопштија дека учебната година за ученциите ќе трае до 10 јуни како и обично. Според Законот за основно образование е дозволено учебната година да биде покуса од 180 работни денови. Ова значи дека дозволено е таа да биде до 100 работни дена и затоа и е изгласан новиот Закон за образование, тоа е во услови кога има пандемија, вонредна состојба, но немаме никакви информации за продолжување на учебната година за наставниците – вели наставничката по македонски јазик Билјана С. Дивјаковска, која предава во основното училиште „Круме Кепески“ во Кисела Вода.
Претходно и министерката за образование и наука Мила Царовска укажа на тоа дека оваа учебна година нема да биде пролонгирана, иако стартот беше одложен за еден месец подоцна, односно на 1 октомври.
The post Децата нема да учат до 31 август, туку до 10 јуни appeared first on Слободен печат.
Децата нема да учат до 31 август, туку до 10 јуни was first posted on октомври 1, 2020 at 11:34 am.