2.8 C
Скопје
04:11 - 19 април, 2024

Вучиќ најави комплетна ревизија на податоците на бројот на починати од ковид-19

Во Србија и понатаму не стивнуваат реакциите по изјавата на членот на владиниот кризен штаб, епидемиологот Предраг Кон, дека во периодот од март до јуни имало три пати повеќе починати од ковид 19 откоку што официјално било соопштено, јави дописникот на МИА од Белград.

Денес реагираше и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој изјави дека Србија ќе направи целосна ревизија на податоците за бројот на смртни случаи од ковид-19 и дека државата не крие ништо.

-Србија ќе направи целосна ревизија за секоја смрт, за секое лице, да видиме како тоа изгледа. И тоа ќе го сторат клиничарите, изјави Вучиќ и додаде дека не смета дека тука ќе има многу големи разлики.

Тој порача дека државата не криела ништо и дека ќе работи транспарентно и во иднина.

Говорејќи за несовпаѓањето на податоците за бројот на смртни случаи од коронавирусот, Вучиќ кажа: “Горд сум на сите лекари, никој од нас не излажа ниту еден збор. Се слушнав со луѓето од Батут, тие велат дека имаат помалку смртни случаи”.

И министерот за здравство, Златибор Лончар, се огласи повторно денес со оценка дека „не се точни” информациите да има три пати повеќе починати од коронавирус.

-Стојам зад фактот дека ова не е засновано на никакви докази, тоа апсолутно не е точно, кажа Лончар.

Од друга страна, денес реагира и медицинските лица од здружението „Обединети против ковид” кои оценија дека признавањето на д-р Предраг Кон, да тој носел одлуки засновани на неточни информации е доказ дека „кризниот штаб не ја водел земјата добро низ пандемијата” и посочија дека епидемиолозите како што е д-р Кон, кои донесуваа одлуки засновани врз неточни информации, се опасноста по нацијата.

The post Вучиќ најави комплетна ревизија на податоците на бројот на починати од ковид-19 appeared first on Слободен печат.


Вучиќ најави комплетна ревизија на податоците на бројот на починати од ковид-19 was first posted on октомври 1, 2020 at 11:38 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....