0.8 C
Скопје
04:49 - 15 март, 2026

ДЕНЕС СЕ ПРАЗНУВАAT: Светите маченици Маркијан и Мартириј

мартијан маркириј

Oвие Божји светители беа клирици при цариградскиот патријарх Павле во времето на царот Констанциј. По смртта на великиот цар Константин, Ариевата ерес којашто дотогаш беше пригушена, повторно заживеа и зеде замав. Па и самиот цар Констанциј клонеше кон таа ерес. На царскиот дворец имаше двајца влијателни големци, Евсевиј и Филип. обајцата ревносни аријанци. Под нивно влијание патријархот Павле беше симнат од престолот и протеран во Ерменија, каде што Аријанците го удавија. Патријаршискиот престол го зазеде злочестивиот Македониј. Во тоа време, кога Православието имаше пред себе две лути борби, една со незнабошците друга со еретиците, Маркијан и Мартириј се заложија за Православието со сета сила и одлучност. Маркијан беше чтец, а Мартириј ипоѓакон при соборната црква и под патријархот Павле беа патријархови нотари. Аријанците се обидоа најпрво да ги потплатат, а кога овие свети мажи го одбија тоа, тие ги осудија на смрт. Кога ги изведоа на губилиштето, ги воздигнаа рацете и Му се помолија на Бога благодарејќи Му за маченичкиот крај на својот живот: „Господи, се радуваме што од овој живот излегуваме со ваква смрт. Удостој нè да бидеме причесници на животот вечен, Ти Којшто нам Си ни живот!“ Тогаш ги приклонија своите глави под мечот и беа обезглавени, во 355 година. Над нивните чудотворни мошти подоцна во нивно име подигна црква свети Јован Златоуст.

Слични објави

Цеца Ражнатовиќ се вози со автобус – во рака носи торба од 40.000 евра, а еве кој ѝ прави друштво

E.A.

„Не постои толку мека перница како мирната и чиста совест“: Уживајте во овие мудри зборови за животот, љубовта, среќата…

Еспресо

(Видео) Дарко Лазиќ објави емотивна снимка со брат му Драган: „Спомените остануваат засекогаш“

Еспресо

Како да ја ублажите силната главоболка?

Еспресо

Астростил: Како хороскопот ја обликува вашата гардероба и ве прави неодоливи

Еспресо

(Фото) „Светот ги сака победниците“: Мајката на Милица Тодоровиќ со порака за ќерката во екот на скандалот

Еспресо
Се вчитува....