3.8 C
Скопје
03:18 - 17 ноември, 2024

Дебрани се борат со пандемијата како во 18 век: Полнат шишиња вода ноќе, ги оставаат во двор да се стоплат на сонце, па се бањаат!

По неколку часа во денот половина Дебар нема вода за пиење, за миење раце, за санитетски потреби на населението. Во услови кога здравствените власти поради пандемијата со коронавирусот наложуваат често миење на рацете и зголемено ниво на лична хигиена, проблемот со водоснабдувањето е уште погорлив и неприфатлив и создава револт кај граѓаните. Наши извори од приватни здравствени установи во Дебар тврдат дека хроничниот проблем дел од жителите си го решаваат и со креативни методи – полнат шишиња со вода ноќе, кога вода доаѓа во нивниот водоводен систем, потоа ги оставаат во двор и чекаат сонцето да ја стопли водата за да можат да се истушираат или да измијат раце.

– Да, тоа е вистина, во Дебар иако е 21 век, времето е застанато во 19 век. Да се миеш со шишиња е навистина нелогично за модерниот свет, но во Дебар за жал тоа се случува. Ги оставаме шишињата на сонце зашто и кога доаѓа водата, нема доволно притисок за да се вклучуваат бојлери, така да тоа е единственото решение. Преку ден нема, а навечер некогаш има, некогаш нема – вели Арберор Велица од Дебар.

Проблемот е хроничен и секој градоначалник до сега ветуваше дека ќе го реши, додава тој. По неколку часови во денот, и тоа во најтоплите периоди кога температурите се високи, вода нема во неколку населени места, од прилика во половина град, меѓу кои и во Коњаре, Венец 1 и Венец 2, а особено во зградите, каде поради нискиот притисок водата до петтиот кат не може ни да се искачи ако нема пумпи. За градоначалникот на Дебар, доктор Хекуран Дука, проблем има, ама не бил катастрофален. Тој вели дека во својот мандат ќе го реши овој проблем, зашто нарачал и физибилити студија од Градежниот факултет во Скопје, да дојдат експерти, неколку месеци да ги лоцираат проблемите и да најдат решенија за секоја одделна населба, па така во наредните 50 години проблем да нема веќе со водоснабдувањето во овој град.

– Проблемот е одамнешен, веќе 20 години, но не е катастрофален. Има и други места кај што нема вода, како во Тетово, Гостивар, Струга во одредени делови. Имаме подрачја во Дебар, каде по три часа во денот нема вода и тие подрачја ротираат, едни немаат три часа од сабајле, други три часа попладне. Граѓаните знаат за ова и не планираат ништо во овие часови, не вклучуваат машина за перење на пример. Има правено поправки зашто според неофицијални информации, се губеле околу четириесет проценти од водата што влегува во базенот, па се менуваат вентили. Проблем има во зградите, каде нема притисок да се качи водата до петтиот кат но со проектот што го спремаме, ќе се реши и ова. Не се случило 24 часа да нема вода, изјави градоначалникот за „Слободен печат“.

Но, на граѓаните им е преку глава од тоа секое лето да се справуваат со истиот проблем.

– Што попрво да правиме кога ќе ни дојде вода еднаш во денот? Да полниме шишиња, буриња, за пиење, за храна, за чистење, за хигиена. Секое лето иста песна. Вода немаат луѓето постојано. Лето е, топло е, хигиена треба со короната, реагира девојка чиј сопруг е по потекло од Дебар и нејзините свекор и свекрва во поодминати години мака мачат со ситуацијата.

Пред една недела и официјално беше воведена рестрикција на водата за пиење во траење од осум часа и тоа по четири часа во текот на денот и ноќта поради технички зафати на каптажата кај изворите во селото Росоки како и на делови од водоводната цевка за да се изврши замена на главните вентили, а вентили биле заменети и на делот на водоводот кај Мелнички мост.

The post Дебрани се борат со пандемијата како во 18 век: Полнат шишиња вода ноќе, ги оставаат во двор да се стоплат на сонце, па се бањаат! appeared first on Слободен печат.


Дебрани се борат со пандемијата како во 18 век: Полнат шишиња вода ноќе, ги оставаат во двор да се стоплат на сонце, па се бањаат! was first posted on јули 17, 2020 at 12:26 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....