-0.2 C
Скопје
02:28 - 19 декември, 2024

Дали ќе не чипираат за да се спречи ширењето на коронавирусот?

На дебатата за ефективноста и степенот на тоа до која мера ќе се наруши приватноста, слободата и правата на граѓаните, во Европската унија и Америка по пример на некои азиски земји и Израел, се подготвува воведување на телефонски апликации за следење и алармирање на граѓаните од заканата на заразените лица со коронавирусот кои се во нивна близина.

Во исто време, засега, со умерено внимание, се разви дебата во Белгија и Франција за тоа дали вакцината за коронавирусот, на што работат многу земји, ќе содржи и микроскопски нано-чип, кој би бил вграден за посигурен мониторинг и контрола во телото на луѓето кои ќе се вакцинираат.

Засега, експертите главно се возрджани и чекаат на доволни проценки и знаења за можните видови вакцини. Но, белгискиот доктор, поборник за природните лекови и третмани, д-р Тери Шмит, педагошки директор на Европскиот институт за природна медицина, силно привлекува внимание и тврди дека, во соработка со Светската здравствена организација, фондацијата „Бил Гејтс“ се финансирани седум проекти за вакцина против коронавирусот, меѓу кои и воведување на нано-чип во човечкото тело.

Нано-чипот би им овозможил на „надлежните институции“, здравството и другите органи целосно да го следат она што се случува во телото на граѓанинот, како и каде се движат и со кого се во контакт, но идентитетот на граѓаните мора да остане таен.

Белгискиот доктор смета дека тука лесно може да се премине линијата помеѓу контролата на заразата од вирусната инфекција и надзорот на граѓаните воопшто и особено го истакнува фактот дека веќе имало промена во потрага по вакцина што би била вградена во човечкото тело како „тетоважа“.

Шмиц тврди дека Бил Гејтс веќе инвестирал 250 милиони долари во истражување за пронаоѓање вакцини против коронавирусот, и вели дека оние кои би се вакцинирале со нано-чипови, би добиле и некој вид „пасош“ што ќе го потврдува тоа, и наведува дека ваков експеримент со чип-вакцина е извшрена врз три илјади бегалци во Тајланд.

Водечкиот американски виролог, Енди Гаучи предупредува дека пандемијата со коронавирусот повторно ќе го нападне светот на есен, германската канцеларка, Ангела Меркел изјави во Парламентот дека  „сè уште газиме на прилично тенок мраз и сè уште сме на почетокот на пандемијата“.

Затоа, Германија одлучи да воведе во рок од две до три недели можност, граѓаните кои сакаат да го сторат тоа, да инсталираат на своите смартфони и други мобилни телефони ново развиена апликација за следење на нивното движење и да добиваат информации за лица кои се заразени со коронавирусот и кои се во нивна близина.

И нашите власи воведоа апликација „СтопКорона“, со цел сузбивање на ширењето на пандемијата.

The post Дали ќе не чипираат за да се спречи ширењето на коронавирусот? appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....